Контакт

Вести

Чавушоглу: Нормализацијата на турско-израелските односи зависи од Израел

Објавено пред

Нормализацијата на односите меѓу Турција и Израел зависи од израелската страна, порача во средата турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

dobivaj vesti na viber

„Договорот би можел да биде заклучен на идниот состанок, зависно од мерките коишто ќе ги преземе Израел“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата во Анкара бед да наведе кога ќе се одржи тој состанок.

Медиумите нагаѓаат дека состанокот меѓу претставниците на двете порано многу блиски земји, коишто ги заладија односите во 2010 година, ќе се одржат во недела. Израелскиот дневен весник Haaretz пишува дека турските и израелските функционери треба да се состанат во недела во една од европските престолнини, но не е објавено во која.

Турција ќе продолжи да одржува контакти со исламистичкот палестинско движење Хамас, во обидот на постигне траен мир во регионот, изјави турскиот шеф на дипломатијата додавајќи дека тие средби не се пречка за нормализација на односите со Израел.

Турција и Израел велат дека се близу надвладувањето на шестгодишниот политички спор. Всушност, дипломатските односи меѓу двете земји не се прекината, туку се спуштени на најниското ниво, со повлекување на амбасадорите и замрзнувањето на порано тесната воена соработка.

Ваквата ситуација настапи по загинувањето на десетте турски државјани кои на бродот „Мави Мармарa“ се обидоа на 31-ви мај 2010 година да ја пробијат израелската блокада на Појасот Газа во рамките на хуманитарната Флотила на слободата од шест брода, кои настрадаат во судир со израелските командоси кои се качија на бродот во обид да го пренасочат неговото пловење.

Тоа ја поттикна дипломатската криза меѓу Израел и неговиот единствен муслимански сојузник Турција и дотогаш стратешките односи сериозно се влошија. Турција го протера израелскиот амбасадор и ја замрзна воената соработка меѓу двете земји по извештајот на Обединетите нации за инцидентот објавен во септември 2011 година, кој Израел во добра мера го ослободува од целосната вина.

Анкара постави три услова за нормализација на односите: јавно извинување, финансиска отштета за семејствата на жртвите и укинување на израелската блокада на Појасот Газа. Израел досега јавно одбиваше да исплати оштетата. За Израел клучно ограничувањето на активностите на Хамас.

Во согласност со договорот за нормализација на односите Израел би дозволил градење болница, нови електрични централи и погодни за вода за пиење во Газа. Турција би испратила помош во Газа, но не директно, туку преку израелските пристаништата и гранични премини каде што и претходно се проверуваа товарите наменети за палестинската енклава, пишува турскиот дневен весник Hurriyet.

Нормализацијата на односите би овозможило обновување на одржувањата на заедничките воени вежби, а можат да се покренат и проектите за вложувања во одбраната и енергетиката, пишува уште весникот.

Некогаш силното израелско-турско сојузништво постапно беше загрозувано од доаѓањето на власт на исламистичката конзервативна Партија на правдата и развојот (AKP) на сегашниот претседател Реџеп Тајип Ердоган од 2002 година, достигнувајќи го најниското ниво вовреме на инцидентот со бродот во 2010 година.

Напорите за помирување на двете земји, вклучително и телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Нетанјаху во 2013 година, на кој посредуваше американскиот претседател Барак Обама, допрва треба да доведат до конечен договор за обновувањето на целосните дипломатски односи.

Соработката меѓу Израел и Турција, којашто граничи со Сирија, Ирак и Иран, долго беше клучниот елемент на американската политика на Блискиот исток. Со појавувањето на џихадистичката Исламската држава и компликуваните односи со Иран, овие односи одново имаат голема важност за Вашингтон, кој се смета всушност на изворот на ваквите зачестени наводи околу израелско-труските односи во последните денови, по тензиите меѓу Русија и Турција поради уривањето на рускиот авион.

Имено, како и што тврдел за Reuters соговорникот, токму поради нарушените руско-турски односи, Анкара изразила нов интерес за природниот гас од Израел. Наводно, според договорот постигнат во Швајцарија, двете земји треба да отворат разговори за можноста за изградба на гасовод преку кој Турција би се снабдувала со гас. Меѓутоа, коментаторите велат дека тоа е во перспектива, а на Анкара гасот ѝ е потребен што поскоро и многу./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ7 часа

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија8 часа

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија9 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија9 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија12 часа

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион24 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет1 ден

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија1 ден

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија1 ден

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ1 ден

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ1 ден

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија1 ден

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија1 ден

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 ден

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија1 ден

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 ден

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа1 ден

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...