Регион
WSJ: Европа се обидува да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот
Последната година и половина година приоритет на надворешната политика на Европската унија беше ткн проект Источно партнерство, во чиишто рамки беа тенденциите за проширување на политичките и економски врски со Украина, Грузија и Молдавија, но бидејќи Москва успева да го сочува влијанието во тој регион, Европа реши да ги преиспита надворешнополитичките интереси во земјите на Балканот, пишува весникот The Wall Street Journal.
Последната година и половина година приоритет на надворешната политика на Европската унија беше ткн проект Источно партнерство, во чиишто рамки беа тенденциите за проширување на политичките и економски врски со Украина, Грузија и Молдавија, но бидејќи Москва успева да го сочува влијанието во тој регион, Европа реши да ги преиспита надворешнополитичките интереси во земјите на Балканот, пишува весникот The Wall Street Journal.
Весникот обрнува внимание на неодамнешната посета на посета на Босна и Херцеговина од страна на високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и на еврокомесарот за соседство и проширување Јоханес Хан, кога беше направен обидот да се изнајде излез од неколкугодишниот ќорсокак во кој западна проширувањето на процесот на приближување на БиХ кон ЕУ.
„Балканот е регион каде што веќе траат интегративните процеси и каде што Европа има јасна перспектива“, вели неименуван европски диплома за во WSJ.
Хрватска и Словенија се веќе членки на ЕУ, Србија и Црна Гора се во процес на преговори за членство, додека Албанија и Македонија имаат долг „кандидатски“ статус во рамките на подготовките за процесот на преговори, потсетува весникот.
За разлика од Украина и Грузија, чиишто изгледи за пристапување кон ЕУ првично беа мали, речиси сите балкански земји имаат можност да напредуваат на патот кон европската интеграција, истакнува натаму весникот. Високата стапа на невработеност, корупцијата и слабите судски системи, се факторите коишто ги потсопнуваат тие држави на патот од европските интеграции.
„Програмите за помош на ЕУ можат суштествено да им помогнат на балканските земји (…) Европската комисија има цел до 2020 година да инвестира речиси 4 милијарди евра преку грантови, заеми и помош за Албанија, БиХ, Косово Македонија и Србија“, се истакнува во текстот на WSJ.
Меѓутоа, за спроведување на курсот на европските политика на Балканот остро се поставува акутното прашање на Русија, смета The Wall Street Journal. Многумина гледаат пречка за тоа во политичките и културните врски на Москва со балканските земји, покрај изразените финансиски и енергетски руски интереси во регионот. Главните грижи на европските политичари се предизвикани од тоа што соработката со Русија може да ги насочи балканските држави во спротивната насока од Европа.
„Овие проблеми беа изразени од страна на германската канцеларка Ангела Меркел минатата седмица. Помпезниот дочек на рускиот претседател Владимир Путин во Белград во октомври, особено ја поттикна таквата загриженост“, пишува весникот.
Предизвиците со коишто ќе се соочи Европската унија во обидите да го прошири своето влијание се големи, економската стагнација, системската корупција и влијанието на Русија, што може да влијае врз интегративните процеси. Покрај тоа, многу членки на Унијата се скептични во поглед на потенцијалното проширување на ЕУ, што според многумина во Брисел, едноставно нема да се случи во следните пет години, пишува The Wall Street Journal./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

