Контакт

Вести

Талибаните ја потврдија смртта на мула Омар, именуван нов водач – мула Мансур

Објавено пред

– Фотографијата објавена во Long War Journal на 16-и јуни 2015-та, го прикажува новиот талибански лидер мулата Актар Мохамад Мансур

dobivaj vesti na viber

Авганистанските талибани ја потврдија во четвртокот смртта „предизвикана од болест“ на нивниот водач мулата Мухамед Омар, откако во средата навечер оваа вест ја објави авганистанската влада, се наведува во извештаите на агенциите, а талибански извори соопштиле дека за нов челник е именуван мулата Актар Мохамад Мансур.

Авганистанските талибани ја потврдија во четвртокот смртта „предизвикана од болест“ на нивниот водач мулата Мухамед Омар, откако во средата навечер оваа вест ја објави авганистанската влада, се наведува во извештаите на агенциите, а талибански извори соопштиле дека за нов челник е именуван мулата Актар Мохамад Мансур.

„Штабот на Исламскиот емират (како што себеси се нарекуваат талибаните – з.м.) и семејството на мула Омар ја објавуваат смртта на втемелувачот и водачот на талибаните којашто уследи како последица на болеста“, се наведува во соопштението на талибаните испратено до агенциите.

Во соопштението талибаните, исто така, не ја наведуваат болеста од којашто боледувал мулата, само велејќи дека „неговата здравствена состојба се влошила последните две седмици“, додавајќи дека следните три дена ќе се одржуваат религиозните церемонии „во молитви за душата на мула Омар“.

Поради смртта на мулата Омер, како што објави Пакистан, се одложува вториот круг од мировните власти меѓу Кабул и талибаните, којшто требаше да се одржи во петокот.

Неименуван висок командант на авганистанските талибани во егзил во Пакистан за тамошниот весник Express Tribune во четвртокот изјавил дека ова радикално исламистичко движење за свој нови лидер го избрало мулата Актар Мохамад Мансур,

И агенцијата Reuters од извори во пакистанскиот град Пешавар блиски до Шурата чиишто повеќе членови се стационирани во пакистанскиот град Квета, пренесува дека талибаните за нов челник го избрале мулата Мансур. „Шурата одржана надвор од Квета едногласно мула Мансур го избра за нов емир на талибаните“, рекол еден од командантите за агенцијата.

Според оцените на агенцијата, изборот на мула Мансур нема да наиде на одобрување кај некои талибански команданти на теренот, бидејќи се критични кон мировниот процес за кој наводно и тој се залага, и најавуваат продолжување на битката за превласт.

За некои регионални аналитичари именувањето на Мансур за нов талибански лидер, претставува помалку и изненадување, бидејќи претходно беше познато дека мулата Омар како свои заменици ги именуваш мулата Барадар Акунд и мулата Убајдулах Акунд, а Барадар многумина го гледаа како негов наследник на чело на бунтовниците.

Мансур ќе биде само вториот водач на талибаните во Авганистан по мулата Омар, кој ова ултраконзервативно исламистичко движење го основаше пред 1990-те години во времето на повлекувањето на советските војски. Наметнувајќи го строгото шеријатско право, талибаните многу брзо освоија големи делови од Авганистан.

Како челник на талибанскиот режим, мулата Омар дефакто беше претседател на Авганистан во периодот од 1996 до 2001 година, а почна да се крие по американската инвазија со која беше соборен. Мула Омар ги водеше талибаните во победата над ривалските авганистански милиции во граѓанската војна којашто избувна по повлекувањето на советските војски од земјата.

Неговиот сојуз со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, односно нејзиниот основач и идеолог убиениот во Пакистан Осама бин Ладен, се смета за главната причина за американската инвазија во 2001 година, по терористичките напади врз САД од 11-ти септември таа година. Оттогаш Омар постојано успешно се криеше, а Вашингтон објави награда за информации во врска со него од десет милиони долари.

Авганистанската влада во средата изрази убеденост во информациите според кои мулата Омар починал уште пролетта 2013 година во болница во пакистанскиот град Карачи. Веста за неговата смрт го загрози мировниот процес со кој треба да заври 13-годишниот судир меѓу талибаните и владата во Кабул која ја има поддршката на Западот. Во мировниот процес посредува Пакистан, каде што петок беше најавен вториот круг од преговорите./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет3 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет3 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет3 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет3 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа4 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија13 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет14 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет16 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет17 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија23 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет24 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...