Вести
Салопек бил убиен поради борбата на Хрватска против ИС

Убиен е хрватскиот заложник поради учеството на неговата земја во војната против Исламската држава откако истече рокот, стои на фотографијата што ја објави Исламската држава на нејзиниот Twitter профил на којашто се гледа безживотното тело на хрватскиот државјанин кој беше киднапиран во Египет, Томислав Салопек.
Сé уште не е потврдена автентичноста на фотографијата, а потврда дека Салопек е убиен нема ниту хрватското министерство за надворешни и европски работи.Агенцијата Reuters напoмнува дека на фотографијата на обезглавениот маж стои и копиран текст од вести од арапски медиуми со наслови: „Хрватска ја потврдува поддршката на Египет во напорите и борбата против екстремизмот и тероризмот“, „Хрватска ја потврдува континуираната поддршка на Курдистан“.Портпаролот на египетското министерство за внатрешни работи за Reuters изјавил дека ја виделе веста на интернет и работат на нејзина проверка. „Ако потврдиме дека тоа е вистина, ќе ги информираме медиумите преку соопштение“.Триесет иедногодишниот Салопек беше киднапиран на 22-ри јули дваесетина километри југозападно од Каиро, каде работел за француска фирма. Тој е прв хрватски државјанин киднапиран во странска земја, а ако се потврди неговото убиство, тој ќе биде првиот Европеец кого го погубила Исламската држава во Египет.Иако Египет има проблем со бунтот на џихадистите на ретко населениот Синајски полуостров, оваа држава досега беше поштедена од киднапирања на странци и брутални погубувања како оние што ги изведуваше Исламската држава во Сирија, Ирак и Либија.Бунтовниците од Синај до лани се нарекувале Ансар Беит ал-Макдис, но во ноември се обврзаа на лојалност на Исламската држава и го променија името во „Вилает (покраина) Синај“. Минатиот месец египетската IS соопшти дека стојат зад експлозијата на автомобил бомба пред италијанскиот конзулат во Каиро, што беше прв напад врз некоја странска мисија, откако Египет почна кампања против исламистите.Видеото во коешто Салопек вели дека ќе биде погубен ако египетските власти не ги ослободат муслиманките од затворите, беше објавено еден ден пред раскошната церемонија на отворањето на дополнителната траса на Суецкиот канал. Претседателот на државата Абдел Фатах ал-Сиси, тогаш во говорот се обврза дека ќе ги поразат милитантите. Веста ги потресе странските работници кои работат за мултинационални компании во Египет и покажуваат дека исламистите имаат капацитет да ги спроведат плановите и покрај масовната кампања која ја водат египетските сили за безбедност.Ако се потврди веста за погубувањето на Салопек, ова ќе биде нивно деветто убиство на некој западен државјанин со отсекување на глава.Американскиот новинар Џејмс Фоли беше убиен на 19 август минатата година во знак на одмазда поради американските воздушни напади на милитантите на Исламската држава. Фоли беше киднапиран во Сирија пред две години.Томислав Салопек од местото Врпољ заминал да работи во странство за да го прехрани своето семејство, неговата сопруга Наташа, седумгодишната ќерка и двегодишниот син, пишуваат хрватските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.