Контакт

Вести

AI ги обвини сириските бунтовници за воени злосторств, бара САД и сојузниците да не ги помагаат

Објавено пред

Меѓународната организација за човекови права Amnesty International (AI) ги обвини во вторникот сириските бунтовнички опозициски групи во Сирија за грабежи, убиства и измачувања, и ги повика Турција, Саудиска Арабија, Катар и САД да им ја прекинат својата поддршка.

dobivaj vesti na viber

Споменатата меѓународна организација со седиште во Лондон ги издвојува особено групите кои се активни во северните покраини Алепо и Идлиб „кои ја имаат поддршката од Катар, Саудиска Арабија, Турција и Соединетите држави“, пренесува агенцијата AFP.

„Во Алепо и Идлиб вооружените групи денес имаат одврзани раце неказнето да извршуваат воени злосторства и други кршења на хуманитарното меѓународно право“, вели Филип Лутер, директор на програмата на Amnesty International за Блискиот исток и Северна Африка.

„Голем број цивили живеат во постојан страв да не бидат киднапирани доколку го критикуваат однесувањето на вооружени групи или не ги почитуваат строгите правила коишто тие ги наметнуваат“, додава Лутер, кого го цитира Reuters.

Во овој нов извештај Amnesty предупредува „на грозниот бран грабнувања, измачувања и самоволни погубувања“ кои ги оценува како „воени злосторства“.

Таквите злосторства им се припишуваат на гушите Џебхат ан-Нусра, сирискиот огранок на Ал Каеда, и на другите бунтовнички групи како салафистичката Ахрар ал-Шам која е поддржувана од Саудиска Арабија, Нуредин Зинки, Фронтот Левант, Дивизијата 16, кои се дел од сунитската исламистичка коалиција „Фатах Халаб“ (Ослободувањето на Алепо).

Неодамна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека, Вашингтон, кој често ја обвинува Русија дека ги бомбардира таканаречените „умерени“ бунтовнички сили во Сирија, побарале во Москва да ги запре бомбардирањата врз позициите на Џебхат ан-Нусар. Лавров, исто така, рече дека САД го одбиваат рускиот предлог групата Ахрар ал-Шам да биде ставена на листата терористички организации на ОН, потсетуваат во вторникот руските агенции коментирајќи го извештајот.

Американскиот институт за проучување на војната во февруари годинава во својот извештај за опозициските групи коишто дејствуваат во северната сириска покраина Алепо напиша дека споменатите три организации примаат или примале американска воена помош, потсетува агенцијата DPA.

Во мај годинава беше објавено дека Лабиб ал-Наххас, кој себеси се нарекува „министер за надворешно-политички односи на Ахрар ал-Шам“ добил дозвола да престојува во „работна посета“ на САД каде што отпатувал „со пасош издаден од една европска земја“.

Судирите во Сирија започнаа во март 2011 година по инерција на ткн Арапска пролет во која во арапските муслимански земји беа соборени децениските владетели и како наводен бунт против претседателот Башар ал-Асад, кој доаѓа од алавитската (шиитка) заедница. Асад од почетокот ги обвинуваше споменатите сунитски монархии и Турција дека преку нивните тајни служби и со вооружување на сунитските исламисти ја започнале војната во Сирија којашто набрзо се претвори во етноконфесионален судир со досега најмалку 400.000 жртви и милини раселени, во кој се вмешаа отворено и големите регионални и светски сили.

Amnesty набројува „најмалку 24 случаи кои ги извршиле споменатите вооружени групи во периодот меѓу 2012 и 2016 година“ чија цел биле „борци за мир, па дури и деца“, како и припадници на верските и етничките малцинства, како Курдите и христијаните, вклучително и свештеници и монаси.

Во извештајот се документираат измачувања според исказите на лица кои успеале да преживеат, како Халм, хуманитарен активист кој „потпишал лажни признанија“ бидејќи не можел да го поднесе повеќе камшикувањето со кабел по табаните.

Вооружените групи изрекуваат смртни казни „преку моќните исламистички судови со коишто се поврзани и кои правдата ја кројат на основа на нивното толкување на исламското право шеријатот“. Меѓу убиените има и цивили, наведува организацијата и го наведува случајот на 17-годишно момче кое бил обвинето дека е хомосексуалец и жена убиена под обвинение дека е прељубница.

Amnesty ја повикува Меѓународната група за Сирија, а во прв ред Катар, Турција и Саудиска Арабија „да ги прекинат сите испораки на оружје или каква и да е друга поддршка на групите вмешани во воени злосторства и други кршења на правилата на војување, човековите воени права и човековите права воопшто“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Не коментирам пораки од Мицотакис, и ние и соседите би можеле да се однесуваме пријателски, да бидеме малку скандинавци, порача претседателката Силјановска – Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да ги коментира најавите за вето од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за евроинтеграција на земјава,...

Македонија9 минути

Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите останати: Сиљановска Давкова за македонско-бугарското прашање

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ како и...

Македонија3 часа

(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор во Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат

„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ. Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора...

Македонија5 часа

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за упад од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Министерот за правда, Кренар Лога, испратил писма до делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција,...

Свет5 часа

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран...

Свет5 часа

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче – нема кандидат за претседател на СДС што не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани...

Македонија6 часа

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство“

„Ние не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници...

Регион6 часа

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеца, реши да се...

Економија1 ден

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија1 ден

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија1 ден

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет1 ден

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија1 ден

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија1 ден

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија1 ден

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет1 ден

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет1 ден

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион1 ден

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ2 дена

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...