Црна хроника
Мигрант ранет во ногата во кавга меѓу мигранти
Мигрант од Сирија е ранет во ногата во меѓусебна кавга на мигранти што се случила синоќа еден час по полноќ во атар на село Табановце –Кумановско во близина на железничкиот премин „Табановце“.
Дваесет и четиригодишниот мигрант бил ранeт со нож во ногата и бил префрлен во кумановската болница каде му била укажана лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицаец агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.К. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство“ по член 144 став 3 од Кривичниот законик, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради постапување спротивно на член 26 став 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и изрече задолжителни мерки одземање на оружјето.
Имено, на 31.01.2024 во Прилеп, пријавениот М.К. агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани.
Црна хроника
Тешко повреден Грк, со „опел“ удрил во две возила во Дојран
Вчера во 21.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н.(70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
Црна хроника
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
Во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.