Црна хроника
Скопјанец извршил тешка кражба во Сопиште
СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26-годишниот К.Д. од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело – „тешка кражба“, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120 илјади денари, за што од страна на Судија на претходна постапка изречена му е мерка – одземена патна исправа и јавување во суд.
СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26-годишниот К.Д. од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело – „тешка кражба“, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120 илјади денари, за што од страна на Судија на претходна постапка изречена му е мерка – одземена патна исправа и јавување во суд.
Кривичното дело пријавениот заедно со уште едно непознато машко лице чиишто идентитет осомничениот не го открива го извршиле на минатиот викенд, односно на 8-ми март во попладневните часови во село Сопиште на подрачје на Кисела Вода.
Имено, откако предходно со автомобил „Форд фиеста“ дошле во село Сопиште и истото го оставиле отклучено со клуч на бравата за стартување, се упатиле кон куќата која што била цел на кривичното дело. Откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, со помош на подесен предмет и физичка сила делувале на влезната балконска врата од дневната соба на куќата при што влегле внатре.
Во куќата направиле пребарување во просториите од приземниот дел од каде не одзеле ништо, а потоа по внатрешните скали се качиле на горниот кат каде направиле претурање во спалната соба од каде одзеле златен накит при што ја напуштиле куќата.
Пред да го извршат кривичното дело, сторителите биле забележани од страна на соседот на оштетените, кој седел во својата гаража од спротивната страна на улицата, и забележал две машки непознати лица облечени во темна облека со капчиња со тремчиња на главите како стојат пред влезната врата од куќата на оштетениот.
По кратко време соседот слушнал тап удар, а потоа преку прозорецот од кујната забележал осветлување во куќата од батериски светилки и веднаш телефонски се јавил на бројот 192 и информирал дека во моментот се врши кражба во куќа. По кратко време двете машки лица излегле од куќата, меѓутоа во тој момент пристигнале полициски службеници од ЕПОИ АЛФА и во намерата да ги легитимираат двете лица се дале во бегство. При бегањето украдениот накит го фрлаат во една нива.
По кратко време пријавениот К.Д. е фатен а второто лице побегнало. Од страна на ПС од ОИД пронајдениот златен накит кој му е вратен на сопственикот. Врз основа на добиена наредба од ОСС I Скопје извршен е претрес во домот во село Волково каде живее пријавениот К.Д. каде се пронајдени предмети за кои дополнително ќе се утврдува дали потекнуваат од други кривични дела./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

