Општество
Адеми и Спировски го посетија реновираното основно училиште „25 Мај“ во Гази Баба
Првите луѓе на Министерството за образование и наука, министерот Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски во средата го посетија основното училиште „25-ти Мај“ во скопската општина Гази Баба, чија целосна реконструкција беше завршена според предвиденото пред почетокот на новата школска година.
Првите луѓе на Министерството за образование и наука, министерот Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски во средата го посетија основното училиште „25-ти Мај“ во скопската општина Гази Баба, чија целосна реконструкција беше завршена според предвиденото пред почетокот на новата школска година.
„Овој објект е еден од 33-те кои беа реконструирани целосно од буџетот на Министерството за образование и наука, кое изгради уште три нови објекта во Шуто Оризари и во Боговиње. Се надевам дека во септември, кога ќе заврши постапката за инвентар, ќе ги пуштиме во употреба и нив и учениците таму ќе учат во нови простории. Ќе продолжиме да инвестираме во реконструкции на училиштата според приоритетите и колку што дозволуваат буџетските можности. Приоритети ни се објектот во село Рашче, од кој дел е изгорен и подготвуваме негова цела реконструкција, и во село Сливник, општина Велес, за кое, исто така подготвуваме проект и се надевам дека брзо ќе го реконструираме“, рече министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на свеченоста по повод реконструкцијата на основното училиште „25 Мај“ во населбата Ченто, општина Гази Баба.
Заменик-министерот Спиро Ристовски, во чиј министерски мандат започна реконструкцијата на училиштето „25-ти Мај“ во обраќањето рече дека во изминатиот период се работело на подобрување на условите за настава во сите општини, како што рече, без разлика на етничката припадност на учениците и наставниците.
Училиштето е целосно реконструирано со 25 милиони денари, инвестиција на Министерството за образование и наука, како и со учество на општината и вклученост на родителите и месните заедници.
Променет е покривот, има нова фасада, прозорци и под, со што е направен енергетски ефикасен објект. По 1963 година, кога била изградена, ова е прва градежна интервенција на училишната зграда.
Одговарајќи на новинарско прашање за бојкотот на дел од учениците поради лошите услови за настава во некои општини во Република Македонија, министерот Адеми апелираше да се вратат во училиштата зашто, како што рече, условите не може да се создадат за ден или за месец./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.