Регион
Хан: ЕУ ќе издвои милијарда евра за подобрување на инфраструктурата во западен Балкан

Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во средата на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи и транспорт на земјите од регионот во Приштина, најави дека Европската унија (ЕУ) ќе издвои милијарда евра за подобрувањето на инфраструктурата во земјите од западен Балкан, пренесува Танјуг.
„Проектите во инфраструкутрата, транспортот и енергетиката се клучни за економскиот развој, привлекувањето на нови инвестиции и отворањето на работни места“, истакна Хан.
Хан изјавил дека веќе во 2015 година ќе бидат достапни сто милиони евра од ИПА фондовите, како грант на инвестицијата.
„На 21-ви април во Брисел ќе бидеме домаќини на премиерите на земјите од регионот за да добиеме согласност на ова ниво“, рече Хан.
Австрискот еврокомесар додал дека потоа во август во Виена официјално ќе бидат претставени приоритетните проеки за инфраструктурниот развој на западен Балкан и подобрувањето на транспортот, патниот и железничкот превоз, и додал дека проектите се најдобрата гаранција за поврзувањето на луѓето на Балканот и за нивното помирување.
Истакнувајќи ја потребата од усвојување на заедничка транспортна политика за земјите од западен Балкан, Хан рекол дека таа би била обврзувачка за овие земи, но и за ЕУ. Со оглед на тоа што европските фондови се ограничен и, „секое евро ќе мора паметно да се троши“, додал тој, нагласувајќи дека клучна улога ќе имаат и претставниците на власта на национално ниво, односно министрите за финансии.
Европската унија на секој начин ќе им помогне на земјите од регионот успешно да ги реализираат овие проекти и ќе продолжи да им помага во спроведувањето на реформите, со оглед на тоа што сите влади се обврзале на ова, навел Хан, заклучувајќи дека на земјите од регионот не им се потребни големи визионерски проекти, туку што помали, кои можат да се реализираат.
Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која на министрите во Приштина им се обрати преку видео линк, порача дека западен Балкан е најважниот регион за прекугранична соработка во Европската унија.
„Верувам дека вашиот регион треба да биде подобро поврзан“, рекла таа и додала дека на западен Балкан му е потребна „транспортна политика“ поради тоа што транспортот е најважен за подигнување на животниот стандард на граѓаните./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.