Вести
Б92: Српски националисти ангажирани да го уриваат системот во Гана?
Поранешниот кандидат за претседател на Гана, Нана Акуфо Адо, е обвинет дека има намера да ја урне власта во земјата, и тоа со помош на неименувани српски државјани, пренесуваат српските медиуми.
Поранешниот шеф на дипломатијата, кој од 2016-та има функција „носител на знамето“, односно лидер на Новата патриотска партија, наводно е подготвен да ја загрози и националната безбедност, а голема улога во тоа треба да одиграат неименувани државјани на Србија.
„Имаме информации дека одредени српски националисти, кои се донесени во државата од страна на шефовите на обезбедувањето на Нана Акуфо Адо, тука обучуваат лица кои се избрани ширум земјата за да поттикнат граѓански бунт. Таа опасна обука, којашто ѝ се заканува на нашата национална безбедност, сака да ги загрози столбовите на власта“, објавила групата „Да ја зачуваме Новата патриотска партија сега“.
Групата ја предводи Бах Ачимфур, кој навел дека на јавноста не ѝ е позната вистинската состојба во Новата патриотска партија, за која вели дека се наоѓа под „нетолерантна воена власта“.
„Во последно време бевме сведоци на отворени манифестации на насилство од носителот на знамето, кој бара поддршка од странски експерти“, навел Ачимфур. Како што се наведува во медиумите во земјата, во Гана пристигнале четворица српски државјани кои биле задолжени за „борбена обука“.
Новата патриотска партија е партија од десниот центар и на претходните избори во 2012-та година остана без мнозинство во парламентот, со оглед на тоа што социјалдемократската партијата Национален демократски конгрес освои 148 од 275 пратенички мандати. Редовните парламентарни избори во земјата, пак, ќе се одржат на 7-ми ноември./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.