Црна хроника
Приведени неколку лица за инцидентот кај „Сити Мол“
Неколку лица се повикани на разговор во полиција за синоќешниот инцидент што се случи во близина на трговскиот центар „Сити мол“, во којшто дваесетгодишник беше расечен со нож.
Инцидентот се случил синоќа околу 19.40 часот на улицата „Љубљанска“ додека дваесетгодишен скопјанец и неговиот брат со автомобил „голф“ се движеле по еднонасочна улица. Се пресретнале со друго патничко возило во кое биле две непознати лица, кои започнале вербална расправија, а потоа физички ги нападнале, по што едното лице со нож му нанел расекотини на дваесетгодишникот по главата и телото. Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош. по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведените./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.
Црна хроника
Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле
Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје, И.С.(44) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба, прскајќи со вода, предупредила лица кои славеле пред нејзината зграда да ја намалат вревата, по што повеќе лица фрлиле со лименки кон неа и ја повредиле.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.