Свет
Притворени набљудувачи на ОБСE во Јужна Осетија
Набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) денеска се притворени во Јужна Осетија поради „незаконско минување на граница
Набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) денеска се притворени во Јужна Осетија поради „незаконско минување на границата“, јавуваат руските медиуми.
„Набљудувачите на ОБСЕ со автомобил илегално ја поминале границата со Јужна Осетија во областа Чинвали (каде е истоимената престолнина на оваа покраина), поради што граничарите ги привеле“, изјави денеска претседателот на проруската република Едвард Кокојти.
Според него, набљудувачите ќе бидат спроведени во Министерството за надворешни работи на Јужна Осетија. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп сака членките на НАТО да трошат пет отсто од својот БДП за одбрана
Тимот на Доналд Трамп им кажа на европските претставници дека новиот американски претседател ќе бара од земјите-членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од БДП, но планира да продолжи да дава воена помош за Украина, пишува Фајненшл тајмс.
Најблиските соработници на новоизбраниот американски претседател за надворешна политика ги споделија неговите намери во разговорите со високи европски претставници овој месец, според извори информирани за разговорите.
За време на неговата кампања за Белата куќа, Трамп вети дека ќе ја прекине помошта за Украина, ќе го принуди Киев на итни мировни преговори и ќе ги остави сојузниците на НАТО без одбрана доколку не трошат доволно за одбрана, се вели во текстот.
Но, како поттик за сојузниците кои се загрижени за тоа колку добро ќе можат да ја поддржат и заштитат Украина без поддршката на Вашингтон, Трамп сега има намера да ја задржи постојната американска воена помош за Киев по неговата инаугурација, според три други лица информирани за разговорите со западните претставници.
Во исто време, Трамп ќе побара од НАТО да ја удвои својата цел за трошење од два отсто од БДП, која моментално ја исполнуваат само 23 од 32 членки на алијансата, изјавија две лица запознаени со разговорите.
Еден извор рече дека Трамп најверојатно ќе биде задоволен со распределба од 3,5 проценти и дека планира експлицитно да ги поврзе повисоките трошоци за одбраната и понудата за поповолни трговски услови со САД.
Сојузниците на НАТО веќе разговараат за зголемување на распределбата на три проценти, но многу главни градови се загрижени поради тешките фискални одлуки што би ги барале.
Според Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, САД ќе потрошат околу 3,1 отсто од БДП за одбрана во 2024 година. Во последната година од првото претседателствување на Трамп во 2020 година, трошоците на Пентагон достигнаа 3,4 отсто.
Најблиску до неофицијалната цел од пет проценти, според досегашните податоци објавени во табелата на ФТ, чиј извор е НАТО, е Полска, која издвојува повеќе од четири проценти од БДП за одбраната, додека следна според распределбата на одбраната е Естонија со околу 3,5 отсто, потоа САД.
Членовите кои сè уште не ги достигнале ни одамна воспоставените два отсто се Хрватска, Португалија, Италија, Канада, Белгија, Луксембург и Словенија и Шпанија, кои се на дното на табелата.
Европа
Орбан: Одложете ја одлуката за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на Трамп
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на Европската унија во Брисел изјави дека „се уште треба да размислува“ за продолжување на санкциите против Русија, кои истекуваат на крајот на јануари, објави денеска „Еуроњуз“ на унгарски јазик.
Орбан им порача на другите шефови на држави или влади на самитот во Брисел дека не сака да донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на 20 јануари, потврдија повеќе учесници на самитот во Брисел.
Доколку Унгарија не се согласи на продолжување на санкциите на ЕУ, тие истекуваат на 31 јануари, пренесува Танјуг.
Ова би влијаело на опсежните економски и финансиски санкции против Русија, како и симболични санкции против повеќе од 2.000 поединци и компании, пишува Шпигел.
Меѓу санкционираните од ЕУ, поради рускиот напад на Украина, се водечки руски политичари како претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, како и многу олигарси како Роман Абрамович.
Трамп постојано тврдеше дека може да стави крај на руската војна против Украина за краток временски период.
Свет
(Фото) Двајца доктори од Македонија учествувале во спасување на повредените во терористичкиот напад во Германија
Двајца македонски доктори учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот базар во Магдебург, објави Амбасадата на Македонија во Германија.
„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург“, пишува во објавата на ФБ.
Пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете, загинаа откако синоќа автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург.
Во нападот беа повредени повеќе од 200 луѓе, од кои 40 се во критична состојба.
Полицијата уапсила 50-годишен лекар од Саудиска Арабија за кој верува дека е одговорен за нападот.
Канцеларот Олаф Шолц го опиша смртоносниот напад во Магдебург како „ужасен, луд чин“.