Црна хроника
Обвинети во „Дива населба“: Водачите на групата беа убиени откако се предадоа во полициска станица
Водачите на вооружената група која се судри со полицијата во кумановската „Дива населба“, Мирсад Н’дрецај и Бег Ризај и уште двајца од членовите Ваљон Кабаши и Сами Кастриоти, биле убиени откако се предале во полициска станица.
Ова го обелодени Руфки Догани, еден од обвинетите во својот воведен збор пред судот, а според неговиот адвокат токму тој се предал на полицијата заедно со дел од водачите кои биле убиени отпосле.Друг обвинет, Насуф Зекири во воведниот збор побара овој случај да се расветли од страна на „Европејците и Американците“. „Ние не дојдовме во Куманово да војуваме, се сеќавам на зборовите на Бег Ризај и Н’дрецај дека ние во Куманово ќе бидеме како фигури, ако дојде полицијата, нема да ги нападнеме, туку ќе пукаме во воздух. Вие ќе нé осудите, но нема да ја признаеме вината. Не сме ни први ни последни што се во политички монтирани процеси. Сите сме употребени за политички цели и никогаш нема да признаеме“, рече Зекири.Обвинетиот Валдете Зекај рече дека во овој процес зборот „тероризам“ се употребува за да се прикрие вистината. На денешното судско рочиште за судскиот процес „Дива населба“ воведен збор даваа адвокатите на обвинетиот и дел од обвинетите кои имаа што да додадат. Адвокатите на обвинетите за логистичка поддршка на групата тврдеа дека нивните клиенти не се никако поврзани со групата и дека не е точно дека им обезбедувале сместување на членовите на групата. Адвокатот Љупчо Веселинковски, кој го брани обвинетиот Фадил Фејзулаху, рече дека ќе докаже дека неговиот клиент не ги сторил кривичните дела за кои се гони, не организирал сместување на членовите од групата во кумановската населба „Дива населба“, не бил сопственик на објектот во кој биле сместени членовите на групата. Според Веселиновски, зачудува фактот дека организирањето на престојот и влегувањето на групата во Куманово се случила на 2-ри и 3-ти мај, кога во Куманово се одржуваше Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и кога градот бил полн со полиција. „Не можам да извршам терористички акт во близина на семејството, жената и децата“, рече обвинетиот.Одбраната на адвокатите на речиси сите обвинети кои даваа исказ во четврток одеше во насока дека обвинетите не се виновни за тероризам и дека судирот во Куманово немал никакви елементи на тероризам. Еден од адвокатите дури тврдеше дека дел од обвинетите додека биле сместени во „Дива населба“, не само што не му наштетиле на цивилното население и на граѓаните, туку дури и им помагале и го нарече ова дел „хуман тероризам“.На минатото рочиште воведен збор дадоа првообвинетите во овој случај кои ја споменаа и улогата на ОБСЕ и ДУИ во расчистувањето на конфликтот, но не открија други детали. Сите 29 обвинети тврдеа дека не се виновни, иако дел од нив не негираа дека биле дел од настаните во Куманово, но беа децидни дека не се виновни за тероризам и терористичка организација.Во јавноста се појавија информации дека разузнавачи од македонските тајни служби биле вмешани во договарање на инцидентите во Куманово, а се објавија и разговори меѓу Н’дрецај и агент од македонските тајни служби./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

