Македонија
ЕУ против нови членки без договор за Уставот
Македонија напредува кон Европската унија, но нови членки, со исклучок на Хрватска, нема да се примаат доколку не биде усвоен новиот европски Устав
Македонија напредува кон Европската унија, но нови членки, со исклучок на Хрватска, нема да се примаат доколку не биде усвоен новиот европски Устав.
Ова, како што пренесува Макфакс, го истакна амбасадорот на Европската унија (ЕУ) во Соединетите Американски Држави (САД) Џон Брутон.
Тој изјави дека две водечки европски земји соопштиле дека се противат на натамошно проширување на Унијата доколку претходно не биде усвоен Лисабонскиот договор.
„Не станува збор само за тоа дека Западна Европа треба да го апсорбира Истокот, туку Истокот, треба, исто така, да го апсорбира Западот. Полјаците треба да се навикнат да соработуваат со Французите, Романците треба да се навикнат да работат со Британците. Околу европската маса седат многу повеќе претставници од било кога досега“, изјави амбасадорот Брутон за радиото „Глас на Америка“.
„Франција и Германија предочија дека без Договорот од Лисабон, со исклучок на прием на Хрватска, нема да има натамошно проширување на ЕУ“, изјави амбасадорот
„Меѓутоа, нагласи тој, и во случај да биде отстранета таквата политичка резерва, и натаму на разговорите за прием на нови членки мора да претходи согласност на сите членки. Доволно е, на пример, Малта да рече “не“ и веќе ниту една земја да не биде примена.
Амбасадорот Брутон оцени дека три балкански држави засега добро напредуваат кон Унијата.
„Преговорите со Хрватска се пред завршна фаза. Преостанува уште договор за границата со Словенија. Уште неколку балкански земји напредуваат кон членство. Тоа се Македонија и Црна Гора Исланд, исто така, овие денови поднесе барање за прием. Сите тие земји ќе бидат земени предвид врз основа на остварените резултати.Меѓутоа, целта е натамошното проширување да овозможи зачувување на внатрешната кохезија и динамика на ЕУ“, изјави амбасадорот на ЕУ во САД, Џон Брутон
Според него, неодамнешниот предлог да се либерализира визниот режим за Македонија, Црна Гора и Србија би требало да биде поттик за приближување на тие три земји кон европскиот блок./крај/фонет/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

