Контакт

Вести

Трамп на Американците им вети ред и закон, а на терористите уништување

Објавено пред

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп на промоцијата на својата програма на партиската конвенција во Кливленд вети дека „ќе ја направи Америка повторно голема“, уверувајќи го Американците дека ќе ги намали даноците, ќе ја ограничи миграцијата од земјите „погодени од тероризам“ и ќе ги заштитува граѓаните и конзервативните вредност, како и правото да носат оружје.

dobivaj vesti na viber

Доналд Трамп ја обвини својата противкандидатка од Демократската партија Хилари Клинтон дека зад себе како државна секретарка оставила „смрт, разорувања, тероризам и слабост“, и вети дека ќе биде остар кон криминалот и илегалните имигранти, во говорот со кој во четвртокот ја прифати номинацијата на Републиканската партија.

Говорот на Трамп беше конструиран така да воспостави атмосфера за предизборната кампања против Клинтон, што е одговор за републиканците коишто сметаат дека најдобар начин да се обедини поделената партијата е да изложи зошто демократската кандидатка не би требало да биде избрана на 8-ми ноември.

Додека аудиториумот скандираше „Затвори ја!“ поради нејзиното постапување во американската надворешна политика, Трамп одмавна порачувајќи „Да ја поразиме во ноември“. Илјадниците негови приврзаници собрани во конгресната сала бучно го одобрија.

Говорот на 70-годишниот Доналд Трамп го заклучи четиридневниот конгрес кој го истакна неговиот напор да ги залекува пукнатините во Републиканската партија поради неговата антидоселеничка реторика и загриженоста од неговиот темперамент. Собирот го бојкотираа многу лица од републиканскиот естаблишмент, како кандидатот од 2012 година Мит Ромни и членовите на семејството Буш кои на партијата ѝ ги дадоа последните два претседатела, но во третиот обид нивниот претставник убедливо заостана во трката со Трамп.

Во говорот Трамп остана цврсто против илегалните имигранти, велејќи дека тие им ги земаат работните места на американските граѓани, а во некои случаи извршуваат и злосторства. Го обвини демократскиот претседател Барак Обама дека ги поттикнува расните тензии, наместо да ги смирува.

Во својот говор понуди релативно малку поединости за своите политики, туку се прикажуваше себеси како свежа алтернатива на традиционалните политичари, кој е подготвен да ги разгледа нови пристапи за решавање и помош за работниците кои се чувствуваат оставени на цедило.

Во вреска со Клинтон ја осуди политиката на градење на нацијата која всушност до извесна мера ја воведе Џорџ В Буш, без да го спомене името на овој републикански претседател кој ги започна војните во Авганистан и Ирак.

Трамп рече дека градењето на нацијата која го следеше Клинтон во Ирак, Либија, Египет и Сирија, ја направила состојбата уште полоша.

„По 15 години војни на Блискиот исток, по билиони долари потрошени и илјадници загубени животи, ситуацијата е полоша од кога и да е. Ова е наследството на Хилари Клинтон: смрт, разорување, тероризам и слабост“, рече Трамп.

Трамп, исто така, ја обвини 68-годишната Клинтон, дека е марионета на големиот бизнис, медиумската елита и големите донатори кои сакаат да го сочуваат сегашниот политички систем.

Зборувајќи за бранот насилства во американските градови, Трамп вети дека ќе воведе закон и ред, предупредувајќи дека 160,000 илегални имигранти со криминални досиеја „ноќва слободно талкаат, за да им се закануваат на мирољубивите граѓани“.

Трамп рече дека брзо ќе се справи со насилството како што беше убиството на петте полицајци во Далас, на почетокот од јули. „Би ви порачал на сите вас: на злосторството и насилството кои денес ја оптоваруваат нашата земја наскоро ќе му дојде крајот. Почнувајќи од 20-ти јануари 2017 година, безбедноста ќе биде обновена“, рече Трамп споменувајќи го датумот кога следниот американски претседател ќе ја преземе должноста.

Притоа Трамп не заборави да ги спомене сексуалните малцинства и ткн „обоеното“ население на Америка, дел од електоратот кој традиционално гласа за демократите.

„Како ваш претседател ќе сторам сé што е во мојата моќ да ги заштитам граѓаните од ЛГБТ заедницата од насилство и терор од страна на мизантропската странка идеологија“, изјави Трамп алудирајќи на идеологијата на џихадистичката групација Исламска држава која го презема нападот врз геј клубот во Орландо со педесетина жртви.

Трамп не толку децидно ги повтори своите пораки за градењето ѕид по должина на американско-мексиканската граница за спречување на илегалната имиграцијата, привремено забранување на влезот за муслиманските доселеници од земјите од Блискиот исток погодени со војни, и за повторното преговарање за меѓународните трговски договори на САД. Исто така, вели дека ќе ги принуди американските сојузници во Европа и во Азија повеќе да плаќаат за американскиот одбранбен чадор.

Сите тие се ставови кои не ги поддржува републиканскиот естаблишмент. Во средата вечерта последниот влијателен противник на Трамп во текот на огорчената републиканската предизборна битка, сенатор Тед Круз беше исвиркан на бината, бидејќи одби да го поддржи Трамп и наместо тоа ги повика делегатите на конвенцијата да гласаат „според совеста“ што партиските челници не го прифатија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија2 часа

Три активни пожари во државата, еден под контрола, а 27 се изгаснати

Во последното денонноќие, до 07:00 часот утрово, на територијата на Р.С. Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе...

Македонија3 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија3 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет12 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија17 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ19 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија20 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет23 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет24 часа

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија24 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет1 ден

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија1 ден

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија1 ден

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија2 дена

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...