Регион
Во Грција ќе заглават 70.000 бегалци?!
Грција предупреди дека бројот на мигрантите и на бегалците на нејзина територија може тројно да се зголеми следниот месеци да достигне до 70.000, откако балканските полицајци не дозволуваат поголем број мигранти да ги преминат границите, па илјадници останаа „заробени“ во земјата.
„Пресметавме дека во нашата земја бројот на оние кои се „заробени“ ќе биде од 50.000 до 70.000 следниот месец“, вели Јанис Моузалис, министер за миграција. „Денеска, овде има 22.000 бегалци и мигранти“, вели тој во интервју за Mega Channel TV.Околу 6.500 луѓе беа заглавени во кампот во Идомени, на грчката страна од границата со македонија о неделата, откако македонските гранични контроли пропуштија само 300 мигранти да поминат, ден пред тоа. Според грчката полицијата, во неделата границата за поминување мигранти остана затворена.Неколку стотини бегалци протестираа на железничката прга во близина на Идомени, јави фотограф на AFP.Зголемувањето на бегалците во кампот, кае има место за 1.500 луѓе, почна порано минатата недела, кога Македонија почна да ги одбива авганистанските бегалци и да бара поригорозни контроли на документите на бегалците од Сирија и од ирак.Но, се очекува ситуацијата да се вложи откако членките на ЕУ, Словенија и Хрватска, како и Србија и македонија, поставија граница од 580 бегалци дневно, кои ќе можат да ги поминат границите.Ваквата граница се постави по одлуката за намалување на бројот бегалци кои транзитираат кон Германија и Скандинавија или сакаат да останат во Австрија.Австрија одлучи дневно да дозволи 80 бегалци да побараат азил и да пуштаат 3.200 мигранти кои транзитираат натаму.Ова резултираше со негативен ефект врз Грција, каде мигрантите пристигаат најмногу од соседна Турција.Илјадници, вклучително и деца, чекаат да влезат во некоја од земјите на Европската Унија, во најголемата бегалска криза што го има зафатено континентот од Втората светска војна наваму./крај/мф/бб
Извор: Total
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.