Македонија
НД: ДУИ врши притисок врз весникот „Лајм’
Опозициската Нова демократија (НД) ја обвини владејачката гарнитура врши притисок врз дневниот весник „Лајм“.
Опозициската Нова демократија (НД) ја обвини владејачката гарнитура врши притисок врз дневниот весник „Лајм“. „Денес кога се одбележува Денот на Европа ние, за жал, се чувствуваме како да живееме во некој друг континент. Така се чувствуваме затоа што живееме во едно етнички поделено општество, во една држава со партизирана администрација на една Македонија што се претвори во сопственост на партијата која е на власт, ВМРО-ДПМНЕ“¸ рече Филиз Ндоци, портпаролка на Централниот изборен штаб на Нова демократијаКако што констатираше портпаролката на опозициската Нова демократија (Демокрација е Ре), на Денот на Европа земјата е далеку од другиот дел на континентот. Според Ндоци, тоа се должи на тоа што „слободните медиуми се затворени во затворот во Шутка“, додека некои други медиуми биле претворени во мегафони на партиите од власта.„Денеска кога се бележи Денот на Европа, ние гласно го креваме гласот против негативните појави во нашето општество, главно против притисокот кон слободните медиуми, опфаќајќи го тука и притисокот кој се врши над дневниот весник ’Лајм’. Ние знаеме дека овој притисок доаѓа од албанската партија на власт, ДУИ и убедени сме дека со овие политички сили Македонија никогаш нема да биде достојна да биде дел од демократскиот, цивилизиран свет.“, заклучи Ндоци. /крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска Давкова го прими Филипче: разменети мислења за политичките и безбедносните состојби
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.
На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби.
Во разговорот Филипче ја информираше претседателката за актуелните партиски промени врзани за изборот и конституирањето на новите партиски органи и функционери.
Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја нагласи потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда.
Претседателката го информираше за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија.
Македонија
Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025–2027 година
За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година, информираат од МНР.
„На гласањето, кое се одржа денес во Хаг, нашата кандидатура освои 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места“, се истакнува во соопштението.
Министерот Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека овој реизбор е потврда за нашата посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје, како и за нашата активна улога во поддршката на целите и принципите на Организацијата.
„Во следниот период, остануваме целосно посветени на зајакнувањето на меѓународната безбедност и примената на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје“, заклучи Муцуски во својата објава.
Македонија
Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник
Дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник, одлучи Синодот на МПЦ-ОА.
Ополето ќе биде во црквата Света Софија истиот ден, со заупокоената Литургија ќе служи Архиепископот Стефан во сослужение со надлежните епархиски архиереи и претставниц на други помесни цркви.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј.
Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.
На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.
Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.
Царство Небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА, пренесе „Религија.мк“.