Црна хроника
Украдено оружје во Долно Коњари

Минатата недела, во село во скопско извршена е кражба, при што крадецот заминал со поголемо количество оружје, соопшти полицијата.
Имено, во периодот од 15-ти до 19-ти јануари 2016 година во село Долно Коњари, скопско, во куќата сопственост на Љ.Х. (52) непознат сторител извршил тешка кражба. Притоа сторителот одзел ловен карабин калибар 8х57мм со оптички нишан, малокалибарска пушка калибар 22мм, ловна пушка калибар 20мм и околу 1.000 парчиња разновидна муниција за истите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и оружјето./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници ограбиле жена на улица во Карпош

Двајца малолетници ограбиле жена на улица во Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во Ургентниот центар нападната од нејзин колега

Скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од вработен во Клиниката „Мајка Тереза“.
Според информациите од МВР, вчера С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик

Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик.
Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата“.
На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената- вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето.