Општество
Новинарството е протерано од редакциите
Истражувачкото новинарство во македонските медиуми слабо се користи како новинарска форма, па така само 0,4 отсто од сите објавени текстови биле истражувачки, а 4,6 анализи, покажа мониторингот што е спроведен од март до мај 2016 година во десет медиуми.
Во овој период биле објавени 125 истражувачки стории, на економски теми и актуелната политичка криза, а мал број се однесувале на откривање случаи на корупција или на теми кои би помогнале да се подобри одреден сегмент од животот на граѓаните.Како што појасни Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации, истражувачките стории најчесто биле најавувани на насловните страници од весниците или, пак, на форшпан на телевизиите, но во просек ја заслужиле 21 страница од весникот или во вестите биле објавувани во просек во 13 – тата минута.Според неа, тоа значи и дека и самите медиуми биле свесни дека истражувачката сторија нема таков квалитет за да биде носечка вест во текот на денот. Таа посочи и дека ретко некоја истражувачка сторија кај нас се презема од медиумите, ако се земе предвид дека во последно време тренд е истражувачки стории да се појавуваат на порталите, а традиционалните медиуми стагнираат во тој поглед. „Што ако таа сторија се објави на страната на порталот и ја прочоитаат 5.000 посетители. За нив ли работевме? Ако ја преземат традиционалните медиуми, најмногу телевизиите, би стигнала до поголема публика и можеби ќе има некаков ефект од неа“, смета поранешниот новинар Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. Мониторингот покажал и дека 24 отсто од сториите се на иницијатива на самите новинари додека останатите ја следат актуелната состојба или нешто што најавила опозициската партија, или некој настан што се случил во тој период. Сепак најголема забелешка има на квалитетот на приказните, кои дури во 9 отсто немаат наведено ниту еден извор, а само во 18 отсто има еден извор. Најчесто изворите се државни институции, што исто така доведува до заклучокк дека моќниците повторно го контролираат новинарството, а во речиси половина од сториите не е консултирана засегната астрана или пак е консултирана, но нема коментар на случајот што се обработува. Исто така, дури во 82 отсто од сториите објавени во тој период мониторингот не можел да утврди дека новинарот поседува документи со кои ја поткрепуа сторијата, а документи има за само 7 отсто од сториите.Според Тамара Чаушидис, од БИРН истражувачкото новинарство е модерен термин за добро, темелно новинарство кое има интегритет.Таа смерта дека најголемиот проблем во македонското општество е што не можеме да ја промениме перцепцијата за новинарството и што сакаме од него, ниту, пак, граѓаните знаат кому му служи. „Новинарството е протерано до редакциите и можеме да го најдеме во редакции кои зависат од донатори или се исклучок“, рече таа, додавајќи дека токму затоа сега се расправа за Законот за медиуми, којшто според неа не е ништо друго туку порака од оваа номенклатура до провладините медиуми дека ако победат на следните избори ќе продолжат да ги финансиираат, или легално да ги поткупуваат.Филков смета дека нема зошто владата да се рекламира во приватни медиуми, за тоа го има јавниот радиодуфузен сервис, кој од друга страна треба да биде сервис на граѓаните и всушност главен носител на истражувачкото новинарство. Билјана Петковска од МИМ истакна дека прегледувајќи ги заклучоците од жирито при доделувањето на нивната новинарска награда воспоставена во 2001 година, во периодот од 2001 до 2010 година се забележувал подем во истражувачките стории, за од тогаш до 2014 потполно да замре, а сега повторно се забележува позитивен развој, со тоа што традиционалните медиуми заостануваат, а интернет порталите се носители на истражувањето. Новинарството од корен треба да се поддржи и да се вратиме на стандардите, најпрво во дневните извештаи, кои повеќе не ги почитуваат новинарските правила,а потоа да преминеме на повисоките форми на новинарско изразување, како истражувачки стории, порача новинарот Драган Антоновски. Ниските плати, редакциската десеткуваност и новинарите на партиска задача се дел од причините заради кои новинарството е на ниски гранки, смета новинарката Гордана Дувњак од Утрински весник.„Најбогатите ги поседуваат медиуми во светот и тие диктираат што ќе се работи, а информацијата што ја добиваме е на дневна основа. Не смееме да занемариме дека социјалните мрежи и фејсбук се извор на информации. Заради ова медиумите имаат улога да анализираат и да известуваат професионално“, порача Аиво Орав, евроамбасадорот во Македонија.Мониторингот е поддржан од Европската унија, а проектот ќе трае до 2019 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.