Македонија
ОМД: Десет причини зошто Македонија треба да добие датум за преговори
Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг е меѓу 10-те причини зошто Македонија треба да добие датум за преговори што Обединетата Македонска дијаспора ги наведува во писмо до лидерите на ЕУ.
Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг е меѓу 10-те причини зошто Македонија треба да добие датум за преговори што Обединетата Македонска дијаспора ги наведува во писмо до лидерите на ЕУ.
Според Обединетата Македонска Дијаспора, Македонија има природно право на своето име, идентитет, култура и историја, а како суверена земја ги почитува принципите на Европската Унија.
Од организацијата потсетуваат дека земјата стекна кандидатски статус во 2005 година, со исполнување на Копенхашките критеруми и дополнителните одредници поставени од Европската Комисија, а во 2011 година по трет пат доби препорака за старт на пристапните преговори со Европската Унија.
Одложувањето на преговорите, според ОМД, нема никаква врска со исполнувањето на предвидените критериуми, а и се заканува и на легитимитетот на самата Унија.
Како шеста причина се наведува фактот што Европскиот Парламент во април годинава со 506 гласа за, 44 против и 44 воздржани повика Европскиот Совет да одреди датум за старт на пристапните преговори со Македонија.
„Меѓународниот суд на правдата на 5 декември пресуди дека Грција го крши меѓународното право со блокирањето на влезот на Македонија во меѓународните организации“, гласи седмата причина наведена во писмото од ОМД.
Многу важно според нив, е Македонија да не биде претекната во пристапниот процес од останатите земји, бидејќи со тоа целиот процес би бил предмет на исмејување.
Постојаното одложување на преговорите, според ОМД, е причина и за падот на поддршката на европската интеграција во земјата.
Како последен аргумент, од организацијата, го наведуваат стравувањето дека држењето на Македонија надвор од ЕУ може да предизвика нестабилност во регионот.
„Поддржете ја Македонија овој декември да добие датум за старт на пристапните преговори“, гласи барањето на ОМД до лидерите на Унијата. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Скопје
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.
Македонија
Муцунски и специјаниот пратеник Матисен разговараа за евроинтеграциите и регионалните предизвици
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен.
На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната развојна и експертска помош што Норвешка ја обезбедува во повеќе клучни области и изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Специјалниот претставник Матисен изрази задоволство од цврстото партнерство помеѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, нагласувајќи го фактот дека Република Северна Македонија е лидер во регионот од аспект на регионалната и светската безбедност. Тој ја истакна и силната поддршка што земјата ја дава за Украина како доказ за нејзината посветеност.
Во фокусот на разговорите беа и актуелни теми од регионот и пошироко. Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и соработката.