Црна хроника
Крвава соседска пресметка во пробиштиското село Гајранци – избодени двајца браќа
Крвав инцидент се случил во село Гајранци, Пробиштип. Сосед избодел двајца браќа со нож. Со неколку прободни рани во пределот на стомакот, тие итно се пренесени на штипска хирургија.
Причината за кавгата е банална и се сведува на соседски инает околу поставена ограда. Напаѓачот најнапред видел дека оградата му е срушена, па како виновници ги осомничил браќата, и во знак на одмазда им го искршил ветробранското стакло од автомобилот, стои во полицискиот извештај, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.
Според изјава на нападнатите, тие излегле надвор откако слушнале врева во дворот.
„Излегов надвор да видам што се случува и одеднаш комшијата излегува и ме прободува со нож, јас паднав и тогаш дојде и брат ми да види што е и него исто така комшијата го прободе“, кажа Драган Митев, еден од нападнатите.
Браќата тврдат дека она што ескалирало има подолга историја на лоши соседски односи.
„Гаражата ни ја турна, олуците ни ги искраши, во дворот ни влезе и ни ги искрши и борчињата, но никој не презема ништо“, вели братот на Драган, Миланчо Митев, кој исто така беше нападнат.
Сево ова е причина за тензии , но и чувство на несигурност кај двете семејства.
„Како може да не се плашам, ми излегува пред вратата од која што излегува и моето внуче за во градинка, јас од кај да знам дали тој е пијан или трезен“, вели Митев.
Конкретниот случај од вчера е предмет на анализа на полицијата. Таа утврдува кој прв почнал, а по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат и пријави. Во меѓувреме, двајцата браќа и нивните семејства се под полициско обезбедување, а лекарите интервенирале и на санирање на повреди кај соседот, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар. /крај/старплус/др
Извор: ТВ Стар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка
Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка.
Според информациите од МВР, денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци.
На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

