Македонија
Македонија треба да се подготви за преговори и без датум
Јавната дебата во Комисијата за европски прашања, што се одржа во понеделник на тема „Преку преговори до ЕУ“ предизвика различни реакции кај партиите
Јавната дебата во Комисијата за европски прашања, што се одржа во понеделник на тема „Преку преговори до ЕУ“ предизвика различни реакции кај партиите.
Словенечкиот амбасадор Алан Бергант јасно покажа што ја чека Македонија ако добие датум за преговори, при што рече дека тимот за преговори не смее да се менува, без разлика кој е на власт.
„Навистина чудно е чувството кога знаеме дека денеска во Брисел се дискутира дали Македонија или на кој начин ќе добие датум или ќе имаме вето, а ние веќе имаме дебати организирани од Владата и од нивното мнозинство, за тоа како сме подготвени за преговарачкиот процес. Интересно е што главната поента на словенечкиот амбасадор и нивното искуство е дека тимот којшто е создаден да преговара со Европската Унија не треба воопшто да се менува, а знаеме дека нашата Влада, всушност првиот чекор што го направи беше една партиска чистка и таа чистка за жал влезе во Извештајот на Европската Комисија“, рече Андреј Жерновски од опозициската ЛДП.
Неговата колешка од опозиционата СДСМ, Радмила Шеќеринска не го дели неговото мислење. Таа смета дека Македонија не само со оваа дебата, туку и многу порано, цела година требало да се подготвува за евентуално добивање датум за преговори, но сепак рече дека не е сеедно дали ќе се добие датум за преговори на 7 – ми декември или ќе се повтори сценариото од Букурешт.
„Македонија не е подготвена квалитетно да ги води преговорите. Македонија ќе седне на масата, ќе имаме дваесетина, триесет луѓе кои ќе преговараат во наше име, меѓутоа дали ќе преговараат квалитетно, дали кога ќе се вратат дома тоа што ќе го ветат ќе го реализираат, тоа е друго прашање. Самиот факт што до сега немаме објавен тим за преговори и што немаме вистинска платформа за преговори, говори дека македонската Влада доцни со преговорите и јас се надевам дека денешнава дебата ќе биде поттик“, рече Шеќеринска.
За владејачката ВМРО-ДПМНЕ денешната расправа во Комисијата за европски прашања е сосема на место, затоа што Собранието до сега се занимаваше со исполнување на критериумите кои се бараа од Македонија.
„Очекувам денешната дебата да даде еден сосема подруг видик на пратениците во Собранието што е тоа што не очекува во периодот, пред нас, кога Македонија ќе добие датум за преговори и каква тежина е пред нас отворањето на поглавјата и најважното од се продолжување на политичкиот консензус, без разлика кој во наредните години ќе биде на власт“, рече Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/форум/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

