Вести
Клинтон и Сандерс се судрија за Сирија во дебатата на Демократската партија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/sanders20klinton.jpg)
Кандидатот за номинацијата на Демократската партија за американските претседателски избори следната година, Берни Сандерс, ја обвини својата ривалка Хилари Клинтон за „пребрза“ поддршка на смената на власта во Сирија, на демократската дебата во која во саботата доминираше прашањето на националната безбедност, и како да се победи радикалната сунитска група Исламска држава.
Двајцата водечки кандидати за демократска номинација на претседателските избори во 2016 година, покрај кои на дебатата учествуваше и поранешниот гувернер на сојузната држава Мериленд, Мартин О’Мали, исто така жестоко дискутираа и околу прашањето за контрола на оружјето, актуелизирано особено по нападот во Сан Бернардино кога беа убиени 14 луѓе.Во обидот да ја намали големата предност којашто Хилари Клинтон има во испитувањето на јавното мнение меѓу демократските гласачи, Берни Сандерс поранешната прва дама и државна секретарка ја обвини за поддршка на брзата смена на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој им одолеа на сите меѓународни притисоци и акции и остана на власт во земјата во којашто повеќе од четири години беснее граѓанската војна, а најголем дел од територијата сепак ја контролира екстремната сунитска организација Исламска држава која во моментов претставува најголемата глобана терористичка закана.„Државната секретарка Клинтон премногу се залагаше за смена на режимот, малку премногу агресивно, без да знае кои последици би можело тоа да ги има. Да, би можеле уште утре да се решиме од Асад, но тоа би создало уште еден политички вакуум кој би ѝ одел на рака на Исламската држава“, рече Сандерс во текот на дебатата во Манчестер, во сојузната држава Њу Хемпшир, ја организираше телевизиската мрежа NBC.„Да се промени режимот е лесно. Да се решиме од диктаторите е лесно. Но пред да го сторите тоа, би требало да размислите за тоа што може да се случи ден подоцна“, рече Сандерс кој се смета за припадник на левото крило во Демократската партија, па дури му се забележува и за социјалистички идеи што во САД му наштетува на неговиот рејтинг.Клинтон, која е голеам фаворитка за освојување на демократската номинација за изборите, ги отфрли критиките тврдејќи дека и Сандерс, како сенаторот од Вермонт, во 2011 година ја поддржал „промената на режимот во Либија“. Ги отфрли, исто така, и тврдењата на Сандерс дека приоритетот на САД би требало да биде уништувањето на Исламската држава, а не уривањето на Асад од власт.„Нема да добиеме поддршка на теренот во Сирија за исфрлање на Исламската држава, доколку тамошните борци коишто не се поврзани со Исламската држава, но чија најважна цел е уривањето на Асад, не мислат истовремено дека се работи на демократските решенија. Сега тоа го имаме. Многу е важно да се работи истовремено и едното и другото“, реле Клинтон. Прашањето за контрола на вооружувањето за цивилите во САД го отвори О’Мали, кој многу заостанува во анкетите и неопходен му е силен пресврт во кампањата, додека времето полека истекува, имајќи предвид дека останаа само шест седмици пред првите предизбори во сојузната држава Ајова. Тој двајцата свои ривали ги обвини за прифаќање на поцврст став кон контролата на оружјето дури по масакрот во Сан Бернардино, каде американска радикализирана млада муслиманска брачна двојка изврши масакр во центар за лица со ментални пречки./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.