Македонија
СКСЗМ ја промовираше Групацијата на жени претпримачи
Стопанска Комора на Северозападна Македонија во последниот состанок на одборот, одлучи да се направат неколку измени во статутот, со кои измени ќе се овозможи да се формират групации кои ќе можат да функционират во рамки на СКСЗМ.
Последователно, во мај се формираше Групацијата на жени претприемачи, која денеска беше свечено промовирана. На истиот ден се промовираше и книгата „Страста на бизнисот“ , со оглед на тоа дека ова книга се содржани 57 успешни приказни на жени претпримачи.
На настанот присутни беа Мендерес Кучи, претседател на СКСЗМ, Велентина Дисоска, претседател на асосијацијата на жени претпримачи, жени менаџери на разни бизниси, членки на групацијата и др.
Претседателот Кучи во неговото обраќање истакна дека жената веќе има докажано дека е добар претпримач, она нејзините менаџерски способности ги има докажано управувајќи совршено со фамилјата, така што она е способна да управува и води бизнис. Исто така, претседателот истакна дека ако европските земји ова го сфатиле многу порано и се чекор напред од нас, ова не значи дека ние заостануваме многу, бидејќи и кај нас можат да се најдат примери и инициативи на успешни бизниси и кои котираат добро на пазарот и се управувани токму од жени.
Претседателката на новоформираната групација, Гзиме Фејзи, како успешна бизнис жена во нашата земја и пошироко, се обрати на настанот и кажа дека промоцијата на претпримеништвото на жената ја зајакнува улогата на постоечките бизниси управувани од жени, но истовремено се поттикнува и креирањето и отварањето на нови бизниси.
Претприемачкиот потенцијал на жената е еден од најнеискористени ресурси за создавање на економски раст и отварање на нови работни места. Време е веќе овој ресурс да го искористиме и да не дозволуваме тешкотии за пристап до капитал и средства да се причина за да се повлечиме и да не развиваме идеи и способности.
Од друга страна Нини Мано, новинар за економски прашања ја презентираше на кратко книгата Страста на бизнисот“ збогатувајќи ја публиката со 57 успешни приказни на жени претпримачи од нивните почетоци до нивните врвови на кариера. Авторката, заедно со други новинарки има вложено труд да направи еден збир на приказни во една книга, и да ги промовира вредностите на успешните жени, со цел да се пренесе силната порката дека секој кој има идеја и работи, може да создаде голем и успешен бизнис. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Создаваме стабилно и транспарентно финансиско опкружување за развој на приватниот сектор
Создавање и одржување предвидливо, стабилно и транспаретно финансиско опкружување е еден од приоритетите на Владата со цел приватниот сектор да се развива, граѓаните и компаниите да имаат доверба во институциите. Ова беше пораката на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на Ерсте инвеститорискиот појадок што се одржува во Скопје во организација на Ерсте групацијата и Шпаркасе банка.
„Светската економија се наоѓа во период на прилагодување на новите монетарни политики, геополитички предизвици и брзи дигитални иновации. Во такви услови, како креатори на политики на национално ниво, внимателно ги следиме и анализираме глобалните текови и врз основа на тие сознанија носиме соодветни мерки. Нашата цел е да создадеме поволно бизнис-окружување и нови можности за економски раст“, рече Димитриеска-Кочоска
Таа потенцира дека и покрај предизвиците што ги носи глобалното економско окружување домашната еконмија од средината на минатата година до вториот квартал од 2025 година бележи раст од над 3% и дека тоа говори за стабилизација на економската активност, отпорност на економијата и ефективност на политиките.
Посочи дека растот на економијата за ова година е проектиран на 3,5% и дека се очекува таквиот тренд да продолжи и во наредната година со раст од 3,8%. Главен двигател се бруто инвестициите, но дека значаен придонес има и кредитната поддршка за инвестициите, која во септември забележа раст од 16,5% во корпоративниот сектор, како и кредитната линија на Владата за финансирање на инвестиции на приватните компании.
Таа пред присутните посочи дека Министерството за финансии континуирано работи на реформи во јавните финансии, поттикнување инвестиции и развој на нови финансиски инструменти што ќе ја поддржат иновацијата и конкурентноста.
Во таа насока, во изминатиот период во Министерството за финансии интензивно се работеше на анализа на финансискиот пазар и трендовите во регионот и Европа во насока на диверзификација на понудата на финансиски инструмени за инвестирање, како и нивно модернизирање и поедноставување. Нашата цел е да се допре до сите интересни групи и да се излезе во пресрет на интересот на граѓаните.
Оттука, имајќи го предвид интересот на граѓаните за државните хартии од вредност, во Министерството се подготвува нова емисија на Граѓанска обврзница, која ќе биде наменета за граѓаните што сакаат да инвестираат безбедно и директно. Со тоа го збогатуваме портфолиото на достапни инструменти и овозможуваме современ, едноставен, ефикасен и транспарентен систем за инвестирање.
Економија
Од полноќ повисока цената на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%
Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.
Економија
Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски.
Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и 7.436 тримесечни и 1.270 месечни даночни обврзници кои не го извршиле плаќањето на пријавениот даночен долг. Редовноста во исполнувањето на обврските е знак на одговорност и доверба, вредности што заеднички го градат системот во кој сите учествуваме и веруваме.
Управата за јавни приходи веќе достави персонализирани известувања до сите обврзници со пријавен, а ненаплатен долг за соодветниот даночен период.
Во тек е спроведување на активности и мерки во координација со сметководителите и обврзниците, со цел да се избегнат блокади на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Важно е да се внимава на роковите, бидејќи за секој ден на задоцнување се пресметува камата во износ од 0,03% од преостанатиот долг, како и изрекување на дополнителни глоби. Оттука, потсетуваме на обврската за точно, целосно и навремено плаќање на поднесените ДДВ-04 пријави. По доставата на опомените, Управата ќе пристапи кон присилна наплата кај сите обврзници кои нема да го подмират долгот доброволно. УЈП апелира до сите засегнати обврзници да постапат одговорно и навремено, со цел да се обезбеди стабилна даночна историја и да се избегнат непотребни последици. За дополнителна помош и поддршка, даночните обврзници и сметководителите можат да се обратат преку е-пошта на [email protected] или телефонски на 0800 33 000 (од фиксен) и 02 3253 200 (од мобилен). Вашата дисциплина денес е вашата предност утре.

