Контакт

Вести

За саудиски министер за стампедото се виновни недисциплинираните аџии

Објавено пред

Според саудискиот министер за здравство за стампедото во коешто во четвртокот во долината Мина близу Мека загинаа најмалку 717 аџии е резултат на недостигот од дисциплинирано однесување на аџиите, кои се наклонети на занемарување на упатствата од службите коишто го координираат хаџот во најсветото место во исламот.

dobivaj vesti na viber

„Доколку аџиите го следеа упатствата, би можела да се избегне ваква несреќа“, изјави министерот за здравство Халид ал-Фалех за јавната телевизија на Саудиска Арабија, по обиколката на местото на коешто се случи најголемата несреќа во последните 25 години на муслиманскиот хаџ по повод празникот на принесувањето на жртва.

Според последните податоци на саудиската служба за цивилна заштита објавени во раните попладневни часови, а кои досега не се ажурирани, во трагедијата загинале 717 луѓе, додека уште 863 се здобиле со различни степени на повреди.

Обредот на традиционалното каменување на шејтанот (ѓаволот) се претворил во целосен хаос,

„Многу од аџиите се движат без да ја почитуваат сатницата коишто ја одредиле надлежните за организацијата на хаџот. Тоа е главната причина за несреќите од овој тип“, изјави саудискиот министер, најавувајќи мобилизација на сите служби во спасувањето и грижата за повредените. Ал-Фалех вети „брза и транспарентна“ истрага.

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бен-Наиф нареди истрага по стампедото, пренесе официјалната новинска агенцијата SPA. Одлуката е донесена во долината Мина, 25 километри од Мека, на состанокот на главните функционери за хаџот, со кој претседавал престолонаследникот во својата на шеф на Високата комисија за аџилаците.

Заклучоците од истрагата треба да му бидат поднесени на кралот Салман, „кој ќе преземе соодветни мерки“, за да се ублажат последиците од оваа голема несреќа./крај/мф/сн .

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Извлечено од Вардар телото на 56-годишен маж, петтиот патник во возилото кое се лизна во реката кај Рашче

Полицајци и војници го пронајдоа и го извлекоа од Вардар телото на 56-годишниот маж, петтиот патник во возилото кое вчера...

Македонија12 часа

(Видео) Ќе се гради нов мост кај Башино Село, стариот кој е со уништена арматура е изграден во 70-те од ЈНА

Ќе се гради нов мост кај Башино Село, на местото на постојаниот кој бил изграден во 1971 година од тогашната...

Македонија15 часа

Мицкоски не сакаше да го коментира изборот на новиот претседател на Судскиот совет: „Да видиме како ќе работи“

Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски во куса изјава одговарајќи на новинарско...

Македонија15 часа

Дојдете во Вевчани на 13 и 14 јануари, влезете во новата година испразнети од негативната енергија, повика градоначалникот Кочовски

Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, денес ги повика сите оние што сакаат забава и ја почитуваат традицијата, на 13...

Македонија15 часа

Мицкоски: Трговците ги намалија цените пред Нова година, очекувам овој тренд да продолжи

Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата. Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да...

Топ16 часа

Објавен идентитетот на загинатите во вчерашната несреќа, најмладата имала 23 години

Вчера околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-село Рашче, патничко возило излетало од патот...

Македонија17 часа

На судиите што не работат според законите местото нема да им биде во судскиот систем, порача Александар Камбовски, новоизбраниот претседател на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Денеска, Советот, на 510-тата седница, со 13...

Македонија17 часа

Дали Дранго има забрана за користење оружје и дали му е одземено во предходна постапка, прашува „Анима мунди“

„Веста дека од страна на битолското Обвинителство е отворен предмет поради фотографијата на заменик-директорот на ‘Македонијапат’, Сашо Дранго, фотографиран со...

Македонија18 часа

Со возилото што излета во водите на Вардар управувала една од загинатите, извлечени телата на три лица, се трага по уште едно

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници...

Македонија18 часа

Македонците најголеми купувачи на „Тему“ од Балканот, дневно се испорачуваат и по 10.000 пратки

Затрупана со пратки е единствената приватна пошта кај нас, која врши достава на нарачките од азискиот гигант „Тему“.  „Еко логистик...

Македонија19 часа

Електронските документи издадени од јавни органи печатени на хартија ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информира дека од денес секој електронски документ од националниот портал и другите државни институции...

Македонија19 часа

Најстудено утрово во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Скопје Петровец, -5 во Скопје-Зајчев Рид...

Македонија19 часа

Обвинение против десет лица осомничени за шверцување луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале...

Свет20 часа

(Видео) Авион се урна во фабрика во Калифорнија и експлодира, загинаа две лица

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени откако мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува...

Европа21 час

Зеленски: Трамп е силен и непредвидлив, може да ни помогне да го запреме Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека непредвидливоста на Доналд Трамп, кој треба да ја преземе функцијата во Белата куќа на...

Регион21 час

Објавен текот на масакрот, манијакот уби 12 луѓе за 30 минути: познати се сите имиња на жртвите

Вршителот на должноста директор на Полициската управа во Црна Гора, Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица...

Регион21 час

(Видео) Жителите на Црна Гора запалија свеќи за жртвите од масакрот во Цетиње

Стотици жители на Цетиње запалија свеќи за 12 жртви, меѓу кои и две деца, убиени на први јануари. Палењето свеќи...

Топ1 ден

Таткото со ловечка пушка си го убил синот во Тетово, соопшти полицијата

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана...

Македонија1 ден

Извлечено возилото кое излета од патот и падна во Вардар

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три женски лица....

Топ1 ден

Маж од Тетово пронајден мртов со прострелна рана во главата во неговиот дом

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана...