Вести
Киргистан ја откажа соработката со САД

Киргистан го откажа во вторникот договорот за соработка со САД и со тоа го заостри дипломатскиот конфликт предизвикан од американското доделување на награда за заложби за човековите права на еден киргиски затворен дисидент.
Киргискиот премиер Темир Сариев му наложил на својот кабинет да го откаже Билатералниот договор со САД од 1993 година, кој ќе престане да важи на 20-ти август, се наведува во соопштението на владата во Бишкек, пренесува Reuters.
Со тој договор се овозможуваше она што ќе биде наведено како американска помош за Киргистан да може да влезе во земјата и да излезе од неа без плаќање даноци, царини и други намети. Притоа, американските службеници, цивилни, од невладините агенции и воените, а поврзани со хуманитарните програми, со овој договор имаа речиси дипломатски статус на имунитет.
Владата на Сариев изрази силно негодување поради тоа што американскиот Стејт департмент му го додели признанието „Заштитник на човековите права“ на киргискиот новинар и активист Азимжан Аскаров. Тој беше обвинет за организирање и учество и поттикнување меѓуетничко насилство во масовните безредија на југот од Киргистан во јуни 2010 година и осуден на доживотен затвор. Во споменатиот период во судирите во оваа поранешна советска република загинаа 442 луѓе а ранети беа околу илјада.
Официјален Бишкек овој чекор на Вашингтон го оцени како „непријателско дејствување“ и се закани со повлекување од договор за соработка за американска помош. Стејт департменрот, пак, во понеделникот предупреди дека доколку Киргистан се откаже од договорот „ќе го поткопа широкиот спектар од програми за помош на разни цели, од јакнење на безбедноста до хуманитарните прашања и демократијата“.
„Разочарани сме од изјавата на владата (на Киргистан) за својата намера да се откаже од билатералниот договор од 1993-та. Ги проучуваме техничките последици од оваа одлука, која може да ги загрози програмите за помош од полза за народот на Киргистан. Тие вклучуваа и борба против насилниот екстремизам, помош за зголемување на растот на економијата и создавање работни места, подобрување на системот на образование…“, изјави во вторникот за агенцијата ТАСС претставник на американскиот Стејт департмент.
Според него, благодарејќи на овој договор САД „доделиле голема помош за развој на владата и народот на Киргистан изминатите повеќе од 20 години“. Сепак, портпаролот истакнал дека Вашингтон „ја цени отворената и плодна соработка со Киргистан“.
„Понекогаш се разијдуваме во мислењата, како што тоа очигледно е случај во врска со доделувањето на наградата Заштитник на човековите права. Способноста да се разговара со разликите ги прави нашите односи посилни“, заклучуваат во американскиот Стејт департмент./крај/мф/сн
Извор: Reuters/ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.