Црна хроника
Полицијата откри 38 мигранти од Ирак, Мали, Нигерија, Того и Сирија
Министерството за внатрешни работи, минатава недела реализирало шест одвоени случаи на крумчарење мигранти во коишто против седум лица, меѓу кои и по еден романски, грчки и албански државјанин поднесе кривични пријави за “криумчарење мигранти“.
Откриени се 38 илегални мигранти на возраст од две до 66 години повеќето од Сирија (27) како и седумина илегални мигранти од Ирак, двајца од Мали и по еден од Нигерија и од Того. Тие се сместени во Прифатниот центар во Скопје, а од страна на Судија на претходна постапка на петмина од пријавените им одреди мерки притвор – за четворица во траење од по 30 дена а за еден во траење од осум дена.
Во првиот случај на автопатот Гевгелија – Скопје, сопрено е возило со скопски регистарски таблички “Шевролет круз“ сопственот на рент а кар компанија, а управувано од романскиот државјанин М.А.Г.(36) во кое се откриени и четворица илегални мигранти од Сирија, кои илегално од Грција влегле во Македонија во близина на ГП „Богородица“ со намера да стигнат до Србија.
Во вториот случај кривично пријавени се лицата М.Г.(21) албански државјанин и Х.Ф.(31) од Скопје кои со две патнички моторни возила на автопатот Гевгелија – Скопје се сопрени и спречени во обид да прокриумчарат девет мигранти од Сирија кои илегално од Грција влегле во Македонија со намера да стигнат до северната граница а од таму илегално да преминат во Србија.
Во третиот случај на локалниот пат село Богородица – Гевгелија во близина на месноста викана Понов мост сопрено е возила марка “Фолксваген Туарег“ со германски времен регистарски број управувано од М.С.(30) од скопско Студеничани кој превезувал 12 илегални мигранти (петмина од Сирија и седумина од Ирак) меѓу кои шест биле малолетни лица, деца на возраст од две до девет години.
Во четвртиот случај кривично пријавен е грчкиот државјанин А.Ф.(39) кој што на автопатот Е-75 кај месноста викана Авлач во близина на село Мрзенци управувајќи „Цитроен Саксо“ со грчки регистарски таблички е сопрен во обид да транспортира четворица сириски илегални мигранти, коишто претходно ги прифатил на локалниот пат Богородица-Гевгелија на местото викано Раскрсница Богородица со намера да ги превезе до границата со Србија.
Во петиот случај кривично е пријавен Ј.О. (23) од село Черкези кумановско којшто во близина на браната Паљурци на локалниот пат Богданци-Дојран, прифатил и сместил нелегални мигратни во камион „IVECO“ 35 S DAILY” со скопски регистарски таблчки. Иако на првичниот знак “стоп“ од страна на полициските службеници тој почнал да бега набргу бил сопрен и биле откриени четири илегални мигранти – двајца од Мали еден од Нигерија и еден од Того коишто требало да ги пренесе до село Лојане, кумановско.
И во шестиот последен случај кај местото викано надвозник Прждево на стариот пат Демир Капија – Неготино е забележано возило „Голф“ со скопски регистарски таблички управувано до пријавениот Ф.Н.(34) од Зелениково, скопско, во кое имало илегални мигранти. Возачот, односно пријавениот Ф.Н. иако ги дал документите на полициските службеници, по барањето да излезе од возилото почнал да бега, го стартувал возилото во правец кон Скопје, а документите останале кај полицискиот службеник.
Меѓутоа после два до три километри тој го сопрел возилото и почнал заедно со петмината сириски илегални мигранти да бегаат со трчање, по што мигрантите се фатени и пренесени во Прифатниот центар во Скопје. По два дена од настанот Ф.Н. е лоциран и приведен./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

