Контакт

Македонија

Министерството за финансии врати 18,3 милиони евра во стопанството

Објавено пред

Министерството за финансии денеска врати 1,126 милијарди денари или 18,3 милиони евра во стопанството по основ на издадени и доспеани за отплата државни записи.

dobivaj vesti na viber

На вчерашната аукција Министерството повлече двојно помалку средства, односно 569,9 милиони денари или 9,2 милиони евра. На овој начин нето задолжувањето преку државни записи, само преку оваа аукција е намалено за 9 милиони евра. „Со ова Министерството ја реализира најавата и ја исполнува определбата за намалување на повлекувањата на средства од домашен пазар. Ваквата стратегија треба да остави повеќе ликвидни средства во стопанството, што би придонело за зголемено кредитирање на корпоративниот сектор и со тоа раздвижување на економијата. Во изминативе два месеци се откажани дури три предвидени аукции на државниот пазар. Нето задолжувањето по однос на државни записи се приближува кон нула“, соопштуваат од Министерството за финансии. /крај/со/ст

Извор: МФ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

Објавено пред

Советот на Народната банка на својата последна седница, одржана на четврти февруари годинава, го усвои Кварталниот извештај, во кој се заклучува дека макроекономските движења беа главно во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Инфлацијата и натаму се намалува, економијата и натаму постепено закрепнува, а девизните резерви остварија солиден раст. Но, ризиците сѐ уште постојат. Во Извештајот се наведува дека глобалната економија и натаму закрепнува, при пониска инфлација и поповолни финансиски услови, но сѐ уште има понагласена геополитичка неизвесност, заради војните и конфликтите, како и евентуалните трговски санкции.

dobivaj vesti na viber

Во домашната економија, реалниот БДП во третиот квартал бележи годишен раст од 3%, што е близу до очекувањата во согласност со октомврискиот циклус проекции. Сигналите од расположливите високофреквентни податоци за економската активност во последното тримесечје од 2024 година засега упатуваат на позитивни годишни остварувања, пред сѐ во услужниот сегмент и кај градежната активност. За целата 2024 година, основното сценарио од октомври претпоставува економски раст од 2,3%, но имајќи ги предвид официјалните процени за остварен раст во првите три квартали од годината од 2,6%, постојат изгледи за малку подобри остварувања од проекциите за целата година. Растот би забрзал искачувајќи се на 3,3% во 2025 година и би достигнал 4% на среден рок, при очекувања за поповолно надворешно окружување, поволен амбиент за странски и домашни инвестиции и позитивен придонес од започнатите инфраструктурни проекти. Зголемената геополитичка неизвесност заради војните и конфликтите преовладува на краток рок, додека на среден рок, пак, посилната фокусираност на капиталните инвестиции, вклучително и на новиот план на Европската Унија за раст на Западниот Балкан, би ја зајакнала економската интеграција, којшто би ги подобрила економските изгледи на земјата.

Инфлацијата за целата 2024 година, во просек, изнесува 3,5%, што во целост соодветствува со октомвриските согледувања. Според октомвриските оцени, за 2025 година се очекува сведување на инфлацијата на 2,5% и нејзино постепено нормализирање на 2% на среден рок. Ризиците околу инфлацијата сè уште постојат и се поврзани со цените на примарните производи на светските берзи, но и со одредени домашни фактори коишто делуваат врз побарувачката.

Податоците за бруто девизните резерви за четвртиот квартал упатуваат на подобри остварувања во однос на октомвриските проекции, а со тоа и повисок раст за целата година. Нивото на девизните резерви, на крајот на 2024 година, достигна 5.019 милиони евра и во согласност со сите показатели обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, кредитната активност на банкарскиот сектор се засили, при што годишната стапка на кредитен раст на крајот на 2024 година достигна 11,2%. Ваквата кредитна динамика беше поддржана и од зголемувањето на депозитниот потенцијал на банките, којшто и натаму забрзано расте со годишна стапка на раст од 11,4%, којашто е над проекциите.

Советот на Народната банка на седницата разгледа и повеќе други точки поврзани со тековното работење на банката.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Странските инвеститори си одат од земјава, „Аптив“ заминува од Бунарџик

Објавено пред

Компанијата „Аптив“, која со години функционираше во индустриската зона Бунарџик и вработуваше околу 500 лица, ја затвора својата фабрика во Бунарџик, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Производствените капацитети се преселуваат во други земји, оставајќи стотици македонски граѓани без работа и егзистенција.

Дополнително, компанијата „Џонсон Мети“, која исто така има долгогодишно присуство во Бунарџик, најавува намалување на бројот на работни позиции.

Ова е јасен показател за лошата бизнис-клима, лошите економски политики, недостатокот на јасна стратегија и катастрофалното менаџирање со државата од страна на Власта.

Наместо Владата да обезбеди услови за стабилност и раст на економијата, таа дозволува вакви удари врз економијата, работниците и нивните семејства.

Податоците на статистика покажуваат загрижувачки тренд – извозот на земјава во периодот јануари-ноември 2024 година е намален за 5,9 проценти во споредба со истиот период во 2023 година.

Ова не е случајност, туку директен резултат на неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со економските предизвици“, се вели во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Работна средба со Групацијата на финансиските друштва во Стопанската комора

Објавено пред

Групацијата на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија ги обединува и застапува интересите на најголемите 20 финансиски друштва од вкупно 27 во Република Македонија, или 74% од пазарот.

dobivaj vesti na viber

Приоритет на Групацијата секогаш бил и останува етичко и одговорно кредитирање без презадолжување на клиентите, како и финансиска едукација на граѓаните во однос на внимателно планирање на личните финансии и семејниот буџет.

Финансиските друштва работат по законска регулатива исто како и сите останати компании (банки, осигурителни друштва, лизинг компании, итн.) присутни во финансискиот систем на Македонија.

Македонија денес ја има една од најстрогите регулативи во Европа, која успешно ги комбинира технолошките иновации со заштитата на корисниците. Во изминативе години Министерството за финансии, кој е регулатор на финансиските друштва, засилено работеше на дорегулирање на финтек индустријата. Во јули 2023 година беа направени дополнителни измени во Законот за финансиски друштва, со цел поголема заштита на потрошувачите, зајакнати процедури во работењето и поголема транспарентност во јавноста. Со измените во доменот на заштита на потрошувачите беше утврден максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот, а се укина и можноста за рефинансирање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво. Дополнително со измените се зајакна и корпоративното управување на друштвата со зголемување на минималниот основен влог на 500.000 евра, наместо дотогашните 100.000 евра, како и задолжителното вработување на економист и правник во финансиските друштва.

Врз основа на Законот, во април 2024 година Министерството за финансии донесе и Правилник за кредитен ризик, со кој потрошувачите се заштитуваат од презадолжување, односно учеството на месечните обврски во месечниот приход не смее да надмине 70%. Нивото на задолжување на секој поединечен клиент, утврдено во Правилникот за кредитен ризик, ќе помогне не само на населението, туку и на финансиските друштва во остварување на здрав и квалитетен раст. Намалениот степен на ризик и намалените трошоци за исправка на вредност на ризичните пласмани ќе резултираат во постабилен развој и подобар статус на финансиските друштва. Додека ограничувањата на вкупните трошоци, воведени од страна на регулаторот пред повеќе од една година, ќе го намалуваат профитот на друштвата, се очекува намалениот трошок за ризични пласмани да ги намали расходите на друштвото и да ги одржи во здрава финансиска кондиција на пазарот.

Досегашни ефекти од примената на измените на законската регулатива:

  • Со стапувањето на сила на измените од јули 2023 година, бројот на финансиски друштва се намали на 27, за разлика од 2022 година кога беа активни 35 друштва, што значи дека новите регулативи овозможиле “опстанок”, само на оние кои имале капацитет да се придржуваат кон новите регулативи. За оние друштва кај кои интерните процедури и системи беа прилагодени уште пред новиот Правилник, и работеа целосно етички и транспарентно, сево ова не само што не предизвика никакви потреси, туку им овозможи фер, унифицирана и стандардизирана законска средина за работење.
  • Динамиката на кредитирањето во финтек индустријата е значително намалена, земајќи ги во предвид новите регулаторни мерки кои предвидуваат минимален капитал, максимална стапка на вкупни трошоци – СВТ, како и коефициент на задолженост изразен преку односот на вкупните месечни кредитни обврски на физичкото лице и месечниот приход, со цел дополнителна заштита и контрола во служба на граѓаните, корисници на услугите на финансиските друштва.
  • Со Правилникот за заштита на граѓаните од подигање кредити од финансиско друштво на нивно име од трети лица, се воспостави ред и измамите се сведени на минимум. Изминативе години имаше бројни пријави до МВР за измами со личните податоци, по стапувањето во сила на новиот Закон и тоа скоро да го нема.
  • Динамиката на кредитирањето во финтек индустријата во текот на 2024 година е значително намалена споредено со претходните години, како резултат на новите регулаторни измени. Кредитниот раст во небанкарските финансиски друштва со третиот квартал за 2024 година изнесува 7%, што е скоро изедначен со кредитниот раст од 6% во банкарскиот сектор во земјата, додека во вкупната актива на финансискиот систем во земјава, финансиските друштва учествуваат со само 1.1%.
  • Во меѓувреме, со инвестиции во технологија се овозможи и автоматска верификација на документите, преку воведување на регистрирани шеми за електронска идентификација на клиентите, со цел спречување на можни измами.
  • Корисниците се повеќе преферираат финтек услуги, не затоа што не се погодни да користат услуги од банка, туку заради едноставноста, достапноста, брзината, транспарентноста, односно заради подобреното корисничко искуство во финтек компаниите.
  • Финансиските друштва плаќаат повеќе данок од банките бидејќи исправката на вредност им е непризнаен трошок.

(ПР)

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Продолжува потрагата по Миле Тодоров кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Европа2 часа

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет3 часа

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион3 часа

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа4 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет4 часа

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...

Македонија19 часа

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија20 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија20 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија21 час

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија22 часа

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија22 часа

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија23 часа

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија1 ден

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија1 ден

„Тој сѐ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор, ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи ја коментираш тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет1 ден

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на Хамас откога Трамп рече дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет1 ден

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет1 ден

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...