Забава
Дневен хороскоп, 16.ноември
Овен
Се чини дека никој ништо неможе да ви расипе убавото расположение. Во хармонија сте со себеси, а тоа го должите на ѕвездите чија положба периодов е многу добра за вас.на работите гледате оптимистички, и без да се колебате, ги прифаќате дури и посериозните предизвици. Ако верувате деа убавите нешта се од вас, тогаш сте во право. Продложете да размислувате на ове до овој начин и ќе дочекате убави моменти.
Бик
Дилемите на работно место периодов се актуелизираа најверојатно ќе ве окупираат до викендот, затоа наврмено подгответе си стратегија. Енергични сте и нетрперливи, а тоа периодов не ви оди во прилог. Вклучете го разумот, само така ќе го извлечете најдоброто од престојните ситуации.незадоволни сте од љубовта бидејќи не го добивате тоа што го сакате, но можеби не е толку црно како што ви изгледа.
Близнаци
Не ја прифакајте понудата која нема да ви донесе успех. Обидувајќи да најдете соодветно решение се преоптоварувате со непотребни работи. Конечниот резултат зависи од вашето лично залагање и дипломатски способности. Задоволни сте од љубовниот живот бидејќи покрај вас се наога која не ги запостава вашите потреби.
Рак
Чувствате ако нешто ви недостига за да бидете задоволни од вашиот живот.Веќе долго време ве мачат мислите за личноста која не ви возвраќа чувствата и тоа ве растажува. Не обидувајте се по секоја цена да ги остварите вашите целибидејќи можете да се разочарате. Иако ви изгледа невозможно, ќе почувствате задоволство ако еднаш за секогаш расчистите со нештата кои немаат вредност.
Лав
На повидок се некакви промени. Новото познатсво ќе ви донесе нови промени во животот, искористете го то аво ваша полза. Напливот во вашите карактеристики ке забележете периодов, затоа, ќе мора да ги исфрлите стравот и колебањето ако сакате да успеете. Ѕвездите се од ваша страна а тоа значи дека пред вас се големи моижности.
Девица
Ако страста го диригира односот со саканата личност, меѓу вас ќе изостане емотивна повзаност, на слпбодните ќе им се насмее среќата, а интересот ќе дојде од повеќе страни. На професионален план буквално брилирате, а претпоставените ќе ви го наградат вашиот труд. Додека некои ви се восхитуваат, други ќе ви завидуваат.
Вага
Ако сте во врска, пред вас се романтични мигови кој ќе ја карактеризира хармонијата со саканата личност. Тоа за вас ќе биде душевна храна , па нема да ви недостасува мотив за извршување на обврските. За време на викендот разгледајте за шт трошите повеќе пари, направете си пресметка за вашите трошоци.
Скорпија
Вие сте личност која може да им го разубави денот на луѓето со широката насмевка, но денес буквално ќе им ги топлите срцата. Нема да ви пречи да дадете комплимент, да ја заобиколите вистината или дури и малку вештачки да се насмеете за да ги усреќите.Луѓето се паметат по делата, а не по зборовите, а вие дефинитивно ќе бидете запаметени.
Стрелец
Фантазиите се прекрасен извор на креативност доколку личноста која ги создава е стрелец. Денес црпете идеи од она што го визуализирате во вашата глава кога ќе ги затворите очите.
Кога би можеле да имате што и да посакате, што би посакале? Испратете ја вашата желба кон ѕвездите и тие ќе се обединат за да ви ја реализираат во периодот кој доаѓа.
Јарец
Потсетете се на вашите успеси од изминатиот период, тоа ќе ви ја зголеми мотивацијата. Не дозволувајте луѓето да ги потценуваат вашите постигнувања за да си ги величат сопствените. Можеби тоа е она што ве демотивираше во изминатиот период.
Некои јарци ќе се принудуваат себеси да бидат весели во момент кога им се плаче. Немојте, бидете искрени кога ги изразувате емоциите.
Водолија
Денес ќе бидете многу емотивни, па избегнувајте ги нештата кои би можеле да ве растажат како песните кои ве потсетуваат на старата љубов, фотографиите од личности кои не се повеќе со вас или личности кои имаат тешка животна сторија.
Заштитете го вашето срце од кршење, бидејќи тоа тешко ќе заздравува.
Риби
Денес луѓето нема да ве оценуваат според она што го чувствувате, туку според она што го правите. Не дозволувајте чувствата да ви ги диктираат постапките и бидете колку што е можно понепристрасни.
Нема да можете да извадете одреден сон од вашите мисли. Можеби треба да му придадете поголемо значење и да ја протолкувате неговата порака. крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

