Црна хроника
Нема место за новинарите на судењето за „Дива населба“

На продолжението на судското рочиште за „Дива Населба“ новинарите не влегоа во судската сала бидејќи имало место само за ограничен број на новинари, односно само за неколкумина новинари, кои би можеле да го следат судењето.
Околу дваесетина новинари, меѓу кои и репортерот на Макфакс, останаа надвор и одлучија никој од нив да не го следи судењето.
Минатите роишта се одржуваа во големата сала во Врховниот суд поради големиот број на обвинети и големиот интерес на јавноста, присутни беа и сите заинтересирано новинарски екипи.
Од Основниот суд Скопје 1 велат дека од Врховниот суд во последен момент ги известиле дека салата се реновира и не можело да обезбедат услови за сите новинари.
На ова судско рочиште е предвидено искази да дават сведоци на обвинителството односно жители на „Дива населба“ каде што се случи инцидентот во мај минатата година.
Процесот се води против 29 обвинети на кои им се суди за Тероризам и терористичка организација. /крај/фф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.