Контакт

Општество

Останаа 34 кандидати за пилоти во МВР

Објавено пред

Од вкупно 469 пријавени, уште 34 кандидати се борат за 12 места на работната позиција пилот на хеликоптер во Министерството за внатрешни работи. Половина од нив во петок во Петровец учествуваа во AIR Screening – селекцијата во воздух што ќе се реализира во наредните два месеци.

dobivaj vesti na viber

 

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков, во петок го посетија Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, а по повод почетокот на таканречената AIR Screening – селекција во воздух, со првата група  кандидати за прием на пилоти на полициски хеликоптер по конкурсот што МВР го објави пред неколку месеци.

 

AIR Screening селекцијата ќе се одвива во два дела за 34 преостанати кандидати. Првата група од седумнаесет кандидати почнувајќи од денеска селекцијата во воздух ќе треба да ја заврши до 17-ти јулиц, додека селекцијата за втората група од исто така 17 кандидати ќе започне на 11-ти август, а ќе трае до 12-ти септември.

 

На конкурсот за прием и обука на 12 пилоти за потребите на хеликоптерската единица при МВР се пријавија вкупно 469 кандидати, од кои 407 мажи и 59 жени.

 

Во изминативе месеци беа реализирани неколку видови селекција. При административната селекција отпаднале 44 кандидати, заради возраста, а од нив 38 машки и шест жени кандидати. Потоа на проверката на физичките способности беа повикани 422 кандидати од кои 298 успешно ја минаа оваа фаза на селектирање, а по ова следеше тестирање за познавање на англискиот јазик на кое успешно поминале 214 кандидати од кои 182 мажи и 32 жени.

 

На лекарските прегледи отпаднале 16 кандидати, а останатите 198 кандидати беа упатени на т.н. селекција на земја која што успешно ја поминале 35 кандидати од кои 30 мажи и пет жени. По ова следеше фазата на воздухопловни лекарски прегледи на кои отпаднал само еден кандидат, а останатите 34 кандидати се упатени на AIR Screening – селекција што ќе се реализира во наредниве два месеци.крај/мф/сд

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји трчаат на денешниот маратон во Скопје

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи денеска, ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи...

Македонија2 часа

Денес ќе се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“ денеска од 7 до 14 часот дел од автобусите од јавниот превоз...

Топ12 часа

Еден е повреден во пукање вечерва во Чаир

Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница во пукањето кое вечерва се случи во скопската населба...

Македонија18 часа

Околу 36 килограми марихуана запленила Царинската управа пред два дена

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два...

Македонија20 часа

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил...

Македонија21 час

Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот...

Македонија22 часа

Поплави во Тетово, над 20 повици за помош добиле пожарникарите

Над 20 повици добиле ноќеска пожарникарите од Тетово за интервенци и испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и...

Топ22 часа

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода...

Топ1 ден

Шестгодишно дете почина играјќи фудбал, му се слошило, но лекарите не можеле да го реанимираат

Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг кога прво му се слошило, па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот...

Регион1 ден

Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати

Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна...

Свет1 ден

Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај...

Регион2 дена

(Видео) Маж од Јабланица: Спасивме момче чии родители загинаа на лице место, детето беше под ѕид

Аднан Ѓелмо кој во најтешките моменти спаси животи во Јабланица го сподели со Дневни аваз најтешкото искуство во денешниот катастрофален...

Регион2 дена

(Видео) Нереални снимки од Босна и Херцеговина, местото се претвори во река, отсечено е од светот

По обилните дождови во Босна и Херцеговина, многу градови беа погодени од поплави, одрони и свлечишта, меѓу кои и Бутуровиќ...

Македонија2 дена

Ахмети: „Вреди“ да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“...

Македонија2 дена

Меџити за можни преговори со Тачи: Во наредниот период ќе има повеќе информации, јас лично немам такви преговори

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека засега нема преговори со Мендух Тачи...

Македонија2 дена

Нема потреба од закони за амнестија за намалување на пренатрупаноста во затворите, Коцевска охрабрува да се даваат условни казни со надзор

Месно нови закони за амнестија за намаување на пренатрупаноста во затворите, судијката Билјана Коцевска од Основниот кривичен суд Скопје охрабрува...

Македонија2 дена

Одложено судењето за Вања и Панче: еден од притворените е на Нефрологија поради влошена здравствена состојба

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр....

Македонија2 дена

Има интерес од доктори што работат во приватните да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари

Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари,...

Топ2 дена

Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник...

Македонија2 дена

„Филипче и по цена на животот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на...