Црна хроника
Крадел додека бил излезен на викенд од затвор
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Х.С.(38) од Скопје поради основано сомнение дека извршил четири кривични дела: две кривични дела„разбојништва“ и две кривични дела ,,разбојништва во обид“.
Х.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти („кражби, „тешки кражби“ и „разбојништва“) за што од страна на СВР Скопје му биле поднесени 13 кривични пријави.
Инаку Х.С. во времето кога ги извршил овие кривични дела бил пуштен на викенд од затвор од Штип каде издржувал казна.
Кривичните дела пријавениот ги извршил во временскиот период од 10/11.01.2016 година и тоа две на подрачје на Центар и две на подрачје на Бит Пазар при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 26.280 денари.
Првото кривично дело го извршил на 10.01.2016 година околу 18.30 часот на бул.„Партизански Одреди“ поточно во ТЦ Буњаковец во аптека на тој начин што пријавениот откако влегол во аптеката со шприц кој го носел во рака и се заканил на оштетената дека ќе го употреби и дека ќе ја зарази со сида ако не му даде пари, по што истата исплашена за својот живот му кажала дека парите се во каса, а Х.С. ја отворил касата ги одзел парите и таблети вијагра и го напуштил местото на настанот.
Останатите три кривични дела ги извршил на 11.01.2016 година во времето од 15,00 до 18,00 часот. Истиот откако влегол во бутик со огнено оружје–пиштол и се заканил на продавачката, по што дошол позади работното биро ги отворил фиоките и без ништо да одземе го напуштил местото на настанот.
Потоа се упатил на ул.„1737“ поточно во биро за судски преводи и откако влегол со огнено оружје–пиштол му се заканил на сопственикот и неговата сопруга по што од работното биро одзел мобилни телефони и ташна и го напуштил местото на настанот.
Четвртото кривично дело „разбојништво во обид“ го извршил околу 18,45 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во продавница за текстил на тој начин што што истиот откако влегол во продавницата со закана со огнено оружје -пиштол и се заканил на оштетената, по што истата излегла надвор и почнала да вика за помош, а пријавениот без ништо да одземе го напуштил местото на настанот.
Непосредно по извршувањето на ова кривично откако оштетената побарала помош, две лица кои се наоѓале во непосредна близина го забележале Х.С. и се упатиле кон него, а истовремено случајот го пријавиле во полиција .
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот по што откако го забележале Х.С во возило го легитимирале, а потоа извршиле преглед при што кај истиот бил пронајден пластичен пиштол–запалка и шал кои ги користел при извршување на кривичните дела како и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела кои ги извршил истиот ден по што бил приведен во ПС ОН Бит Пазар.
Во просториите на полициската станица од страна на оштетените било извршено препознавање на лице при што сите оштетени го препознале пријавениот како сторител на кривичните дела./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

