Контакт

Вести

Ѕидот е прескапа инвестиција, Трамп веќе го прекрши првото предизборно ветување

Објавено пред

Ниедно предизборно ветување на Доналд Трамп не ги разгали неговите поборници како она за изградба на „голем, убав и моќен ѕид“ на границата меѓу Соединетите држави и Мексико, но сепак, неговата изградба би можела да биде прескапа и неделотворна, тврдат стручњаци.

dobivaj vesti na viber

„Изградете ѕид, изградете ѕид“ извикуваа симпатизерите на Трамп на неговите митинзи. Ѕидот би требало да биде висок 15 метри, изграден од бетон и челик и долг 3.200 километри. Но ќе биде прескап, компликуван па дури и контрапродуктивен.

Во својот прв телевизиски настап по победата на изборите, Трамп помалку се огради од приказната за ѕидот. На водителката на CBS ѝ рече дека и понатаму има намера да ја оддели јужната американска граница, но дека некои делови на бариерата би можеле да бидат од жица.

Неговите републиканци веќе работат на алтертаивни планови за продолжување на постоечката ограда, и на вработување на дополнителни граничари.

Според истажување објавено од страна на технолошкиот институтеж во Масачусетс (МИТ) изградбата на ѕидот би чинел околу 40 милијарди долари. крај/мф/ вс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет57 минути

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет1 час

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет1 час

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет1 час

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија14 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија18 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ19 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија19 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија20 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија21 час

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет21 час

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија22 часа

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија23 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија23 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија23 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион23 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ1 ден

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа1 ден

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...