Контакт

Вести

Кина ги предупреди САД за ризикот од војна во Јужното-Кинеско Море

Објавено пред

Тензичите односи во Јужното Кинеско Море на кое полага право Кина низ кое минуваат многу стратешко поморски трговски патишта, и на кое полагаат право и Филипини, Тајван, Виена, Малезија и Брунеи кои ги поддржуваат САД, кулминираа со неодамнешното пловење на американски воен брод во близина на спорните вештачки ртови и острови кои ги подигна Пекинг, по што во обид да бидат ублажени напнатостите се одржа долга видео-конференција меѓу командантите на двете воени морнарици кои во петокот различно го оценија разговорот.

dobivaj vesti na viber

Командантот на кинеските поморски сили адмиралот Ву Шенгли изјавил дека постои опасност од тоа „мал инцидент, да испровоцира војна“, нарекувајќи ги активностите на САД во Јужното Кинеско Море „провокативни“, пренесува Reuters.

Пентагон, пак, речиси едночасовниот разговор на Шенгли и американскиот адмирал Џон Ричардсон го оцени „многу продуктивен и професионален“. Според него, кинескиот соговорник не сакал да го доведе во прашања дијалогот меѓу двете морнарици и покрај тензиите кои се појавија во Јужното Кинеско Море, пренесува AFP.

Двајцата адмирали се договориле за нови разговор преку видео врска до крајот на годинава, изјавил за агенцијата капетанот на боен брод Џеф Дејвис, портпарол на Пентагон.

Командантот на американските сили во Тихиот Океан, адмиралот Хари Харис, следната седмица треба да замине за Пекинг во „одамна планирана“ посета. Посетата ќе се одржи до 2-ри до 5-ти ноември.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти во вторникот американскиот ракетниот разурнувач „Lassen“ без дозвола на Пекинг впловил во акваториумот на Јужното Кинеско Море во близна на спорниот архипелаг Спратли (Нанша на кинески), кој Кина ги смета за свои територијални води. Притоа беше упатен официјален протест, при што беше истакнато дека таквите американски активности го нарушуваат кинескиот суверенитет.

Пентагон ја потврди својата активност во Јужното Кинеско Море и не исклучи дека и во иднина ќе презема такви активности. Според американскиот министер за одбрана Ештон Картер, операциите „ќе бидат спроведувани и следните седмици и месеци“. САД остануваат на ставот дека нивните поморски сили ќе патролираат, доколку сметаа дека тоа е во согласност со меѓународното право./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија4 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија4 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија7 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија8 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет8 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ8 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа12 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет12 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет13 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет13 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет13 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет1 ден

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија1 ден

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...