Црна хроника
Автомобил прегази велосипедистка во Прилеп, жената загина на лице место

Четириесет и двегодишна жена загина во сообраќајна несреќа во Прилеп, кога додека управувала велосипед во неа удрил автомобил.
Несреќата се случила синоќа на улицата Александар Македонски.
„Патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп“, велат од МВР.
Од здобиените повреди жената починала на лице место, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР: Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

Денеска (30.09.2023) во 15.40 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при РЦ за ГР Југ, кај бензинска пумпа на автопат А1, го лишиле од слобода А.Д.(32) од Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело “криумчарење мигранти”.
Имено, откако претходно на наплатна станица „Смоквица“ со своето патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање, од страна на полициските службеници тој бил затекнат при истовар на 8 лица мигранти од Сирија.
А.Д. е приведен во полициска станица и известен е Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје. Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитен центар и по комплетно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
77-годишен струмичанец се обидел да ја силува 64-годишната сосетка

Уапсен е 77-годишниот Р.П. од струмичко село вчера во Струмица во 15.30 часот, информира МВР.
Тој е осомничен дека на 27 септември се обидел да изврши обљуба врз 64-годишна жена, негова сосетка.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец си ја претепал 26-годишната сопруга со тврд предмет

На 29.09.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 28.09.2023 околу 21.00 часот, во домот на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг В.Ф.(26) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.