Топ
Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје.
Со возилото управувал Т.В. од Крива Паланка, велат од полицијата.
Детето се здобило со тешки повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни

Полицијата три недели трага по лицата што ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во Орешани. Денес, тој рече дека има осомничени.
„Нешто конкретно немам, осомничени има. Се работи, ќе бидат фатени сторителите. И сторителите и нарачателите, нарачателите се многу поважни“, кусо изјави денес директорот Пандов по промоцијата на нови пристапи во третманот на лица прекршители во тренинг-центарот во Идризово.
На 29 април директорот Пандов на социјалните мрежи објави видео од изгорената куќа со објаснување дека тоа е цената за удирањето по мафијата.
Палењето на куќата на Пандов, ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид за заплашување и замолчување оти криминалците повеќе немаат заштита од власта.
Министерот за правда Игор Филков, по пожарот, побара одлучна акција, во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат сторителите, а на Пандов му даде целосна поддршка во истрајноста и во борбата против криминалот и корупцијата.
Топ
Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св. Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х.(64).
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие.
Македонија
Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
На 29 април, во селото Вруток, обвинетиот се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги преземал во рамките на своите овластувања.
Обвинетиот влегол во дворот на семејната куќа на судијата, го прашал дали го познава и директно почнал да му се заканува, споменувајќи поврзаност со наводна судска постапка. По упатените закани на висок тон си заминал.
Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.