Црна хроника
Автомобил удрил старец во Кисела Вода, возачот побегнал

Осумдесет и петгодишен скопјанец синоќа се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил додека возел мопед. Инцидентот се случил во скопската населба Кисела Вода, а веднаш по настанот возачот на возилото го напуштил местото.
Старецот бил хоспитализиран во клиниките „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка го пријавила својот брат поради психичко вознемирување, веќе му било забрането да и’ се приближува

Во СВР Скопје на 17 септември околу 20 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.М. (46) подолг период ја вознемирувал психички и ѝ упатувал закани.
Според пријавата, против него веќе била изречена мерка за забрана за доближување.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Топ
Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено возило, а потоа со физичка сила го оштетило возилото.
Пријавата ја поднел 28-годишниот С.Г. од Скопје, кој заедно со колегите пожарникари бил во возилото во моментот на инцидентот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уште една измама со лажна сообраќајна несреќа во Чашка, измамен 74-годишник за 14.000 евра

Вчера во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција.
Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.