Црна хроника
Автомобил удри во 27-годишен пешак во Скопје
Вчера на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од селото Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбени малолетници во Градски парк, напаѓачите им се заканиле со остар предмет
Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје неговата ќерка и нејзин другар биле нападнати и ограбени.
Според информациите на МВР, две лица со закана со остар предмет украле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдена кафеава прашкаста материја во гајба за леб во Идризово
Вчера во затворот во Идризово при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Измама со лажен несреќен случај, 70-годишна битолчанка измамена за сума од 20.000 евра
Вчера во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да ѝ се стават златни шипки.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

