Црна хроника
Акциска контрола во објекти во Зајас-кичевско и во објекти во охридско, не биле издавани фискални сметки
Во текот на изминатата вечер полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од ОВР Гостивар и СВР Битола во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спровеле акциска контрола во пет угостителски објекти во Кичево и Охрид.
Притоа, според полицијата, во село Зајас биле приведени две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој.
Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а било утврдено и непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

