Црна хроника
Бркотница помеѓу полицијата и автомобил во бегство заврши со сообраќајна несреќа

Доцна синоќа на улицата Бутелска, во скопската населба Радишани, се случи сообраќајна незгода помеѓу возило во сопственост на МВР со двајца полициски службеници и автомобил во кој биле М.Т.(19) и И.Х.(18) од Скопје.
Двајцата скопјани бегале од полициската екипа која ги бркала поради нарушување на јавнот ред и мир.
Во незгодата полициските службеници и едниот од момчињата се здобиле со телесни повреди.
Претходно, била добиена пријава дека на бензинска пумпа на подрачје на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајцата скопјани кои бегале од полицијата од една страна, и М.Ф.(34), М.О.(21) и А.И.(50) сите од Скопје, од друга страна.
Сите учесници го напуштиле местото на настанот.
Подоцна од полициски службеници било запрено возилото на другата група, и приведени се М.Ф., М.О. и А.И. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени три лица од Кочани на наплатната рампа Миладиновци: пронајдена дрога во возилото

Денеска(23.09.2025) околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки.
Кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка на паркинг кај „Мајка Тереза“ по сообраќајна несреќа

Вчера и околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од с. Џепчиште, тетовско, информира МВР.
Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.