Црна хроника
Запленети повеќе од 40.000 пиротехнички средства на Бит-пазар
На 09.12.2024, по претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за контрола на Бит Пазар, лишени се од слобода две лица, а пронајдени се над 40.000 парчиња пиротехника, тутун и цигари без бандероли. Кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички средства, пари, околу 40 килограми тутун и поголема количина цигари без бандероли.
Кај С.Н. (48) од Скопје пронајдени се 14.942 парчиња пиротехнички средства и пари. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 ст.7 од КЗ. Исто така, при преглед на импровизирана тезга пронајдени се околу 14.000 пиротехнички средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во двор во куќа во Арачиново фрлени две шишиња со запалива материја
Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека во двор на напуштена куќа во селото Арачиново, биле фрлени две шишиња со запалива материја.
Според првичните информации, едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот брзо се проширил. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците, кој го пријавил настанот.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојка се обидела да тепа полицаец во Штип
Вчера во 01.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода И.М.(22) од Штип затоа што физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Две деца, момче и девојче донесени во бессознание, пиеле алкохол во дискотека во Гостивар
Во текот на ноќта во два одделни случаи малолетници биле донесени во бессознание по консумирање алкохол во дискотека во Гостивар. Според информациите од Ургентниот центар во Гостивар, се работи за малолетна девојка и малолетно момче.
Во 00:55 часот, од Ургентниот центар во Гостивар било пријавено дека малолетна девојка била донесена во бессознание.
Според првичните информации, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар. Речиси три часа подоцна од Ургентен центар Гостивар повторно било пријавено дека е донесен малолетник во бессознание, по истата причина – консумирање алкохол во дискотека.
Полицијата во двата случаи презема мерки за расчистување.