Црна хроника
(Видео) Пријава за малолетник од Тетово, кој се снимал додека уринирал врз државното знаме
Од тетовската полиција информираат дека целосно е расчистен случајот со сквернавењето на државното знаме на Република Северна Македонија од страна на момче што снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.
Погледнете како почнаа во вистинска смисла на зборот:
“Да ни се мочаат по знамето.”
АБЕ ИМА ЛИ ЗАКОНИ БЕ?!
?️??️??️??️
Мечки да бевте немаше да спиете.
ОДГОВОРНОСТ! pic.twitter.com/MeL2Apstic— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) March 14, 2021
Oд МВР информираат дека станува збор за 16-годишник од Тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, вчера (16 март), бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

