Контакт

Црна хроника

(Видео) Разбиена криминална група во Скопје, насилно одзеле имот на наводни должници

Објавено пред

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР постапувајќи во рамки на посебен оперативен план за сузбивање организирана криминална група инволвирана во вршење кривични дела од областа на насилниот криминал, приведе осум лица членови на групата коишто во текот на минатата и оваа година со употреба на закани по животот и имотот на наводни должници на насилен начин прибавувале значителна имотна корист наедно предизвикувајќи и штета по имотот на граѓаните преку опожарување возила и објекти на оштетените, рече директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски.

dobivaj vesti na viber

„На 05.07. МВР до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција достави кривична пријава против лицата: М.Д. (40), и М.Д. (34), двајцата од с. Сарај, Скопско, потоа  Н.П. (49), Т.П. (39) и П.Ј. (26) тројцата од Скопје, како и К.Ч. (66),од Струга, Л.М. (49) од Велес и Т.П.(51) од Неготино, а поради постоење основано сомнение дека се сторители на повеќе кривични дела ‘злосторничко здружување’, ‘неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори’, ‘изнуда’, ‘предизвикување општа опасност’, ‘неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи’ и ‘спречување на службено лице во вршење на службени дејствија’“ беше кажано на денешната прес-конференција.

Од страна на судија на претходна постапка за двајца од приведениете веќе е одредена мерка притовор во траење од по 30 дена, а на други двајца мерка – претпазливост.

„Криминалната група дејствувала на подрачјето на град Скопје. Првопријавениот М.Д. во период 2016-2018 година, создал злосторничко здружение во кое како активни членови учествувале М.Д. (негов брат), Л.М., Н.П., Т.П., Ј.П., К.Ч., Т.П., кои заради прибавување значителна противправна имотна корист преку употреба на сериозни закани и уцени успевале да извршат наплата на долгови од лихварски услуги или нарушени бизнис-релации. Оваа организирана криминална група имала хиерахиска структура со однапред одредени улоги за секој од членовите“, рече Велковски.

Наводните доверители коишто имале побарувања од трети лица (должници/жртви) по основа на лихварски долгови или нарушени бизнис-релации, заради наплата на своите побарувања ги ангажирале организаторот на групата и неговиот брат за посредување во наплата на побарувањата, кои преку употреба на сериозни закани и уцени и насилство успевале за одреден процент (вообичаено 8 проценти од целосниот долг) да ги наплатат побарувањата. Како инструменти при наплатата на долговите, исто така, се служеле и со нотарски заверени изјави и договори за првземање на побарување, пренос на должнички-доверителски односи, компензациски договори за пренос на сопственост на имот (вообичаено возила) за наводно извршени услуги и слично. Во одредени случаи, преку ваквиот “систем“ на криминално делување побарувањата се пренесувале на членовите на групата, така што должниците односно жртвите станувале должници на организаторот на истата.

„Покрај ова во рамки на оперативните активности за документирање и сузбивање на криминалните активности на групата, детектиран и документиран е и случај на нелегална трговија со хероин во која била инволвирана групата. Имено, на патниот правец Скопје- Велес сопрен е еден од членовите на групата и при преглед кај истиот пронајден е хероин“, соопшти Велковски.

По претходно издадена наредба од страна на судија на претходна постапка завчера беше извршен и претрес на дом и други простории на 10 локации во Скопје, Струга и Неготино, претрес на лица, но и на и возила кои ги користеле членовите на криминалната група. Во претресите пронајдени и одзмени се: четири пиштоли, пет рамки за пиштоли, пушка, ловечки карабин, 102 куршуми различен калибар, 12 куршуми за ловечки карабин, четири возила, парични средства во вкупен износ од 48.000 евра, хероин, две дигитални ваги со траги од хероин, четири пластични мелници со остатоци од хероин.

„Сакам да ве информирам за уште една активност на МВР реализирана во текот на вчерашниот и денешниот ден. Имено, СВР Скопје презеде мерки и активности во расчистување на поголем број кривични дела од областа на имотните деликти- разбојништва и дрски кражби и приведе три лица- извршители на овие дела. По документирање на овие случаи, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до Основното јавно обвинителство во Скопје“, рече Велковски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

Објавено пред

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

dobivaj vesti na viber

На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Објавено пред

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Објавено пред

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Зеленски: Идејата за демилитаризирана зона е мртва

Зборувајќи на прес-конференција во Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата за воспоставување демилитаризирана зона во војната со Русија....

Европа12 часа

Путин: Ќе размислам

Владимир Путин ќе го „разгледа“ западниот предлог за целосно и безусловно примирје во Украина, откако Велика Британија, САД и европските...

Македонија16 часа

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје: со метален капак од шахта повеќе пати го удирал оштетениот во глава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил...

Европа16 часа

Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа...

Европа16 часа

Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа...

Европа16 часа

Туск: Чекаме да видиме како ќе реагира Русија

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека одлуката за прогласување примирје од Киев е симболична, бидејќи станува збор за град кој...

Европа17 часа

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник; Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора...

Македонија19 часа

(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел...

Топ20 часа

Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината...

Македонија21 час

СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и...

Свет22 часа

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа23 часа

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Македонија1 ден

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ2 дена

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет2 дена

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија2 дена

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија2 дена

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија2 дена

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...