Црна хроника
(Видео) 275 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење
За прекршоци во сообраќајот, казнети се 275 возачи на територијата на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Казнети за брзо возење се 67 возачи, 16 казни се изречени за возење без возачка дозвола, 11 возачи се санкционирани за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, а 13 казни им се изречени на возачи за користење мобилен телефон“, информираат од Министерството.
Според МВР, изречени се пет санкции за минување на црвено светло, седум за некористење сигурносен појас и 56 казни за непрописно паркирање.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, потенцираат од МВР.
Тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка
Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.
„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање
Сопружници биле нападнати вчера во Аеродром од страна на роднинска брачна двојка, а поради нерасчистени имотно-правни односи.
Според информациите во полицијата, честворицата се на возраст од 45 до 51 година.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.