Црна хроника
Викенд на тепачки: Се тепале соседи, малолетници, возачи… единаесет случаи пријавени во полиција

Во саботата рано утрото во 01.30 часот во Полициската станица Радовиш, М.М.(45) пријавил дека на претходниот ден, во петокот, околу 17.00 часот во с.Коџалија, Е.А.(42) од истото село, по кратка расправија, замавнал со остар предмет кон него, но го удрил неговиот малолетен син, нанесувајќи му гребнатина на потколеницата.
Денеска во 00.20 часот во СВР Тетово, малолетник од с.Челопек пријавил дека во селото бил физички нападнат од Е.М. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера попладне во 16.20 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Б.(42) и Е.Б.(39), двајцата од с.Батинци, скопско, поради тоа што околу 13.40 часот на бул.„Борис Трајковски“, по претходна расправија околу сообраќајот, учествувале во физичка пресметка со О.З.(26) од с.Морани, кој бил заедно со 52-годишната Б.З.. Во пресметката О.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.З. била физички нападната, во обид да ги раздели.
Во саботата во 18.45 часот во Полициското одделение Жеровјане, Б.П.(54) од с.Волковија пријавил дека во селото бил физички нападнат од Г.М..
Денеска во 01.41 часот во СВР Скопје 42-годишен маж пријавил дека околу 00.10 часот во скопско бил физички нападнат од неговиот брат Д.Ѓ. и неговиот внук М.Ѓ..
Вчера вечерта во 20.00 часот во СВР Скопје А.М.(34) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.И..
Денеска во 00.55 часот во СВР Тетово, А.В.(48) од с.Милетино пријавил дека на 12.08.2023 околу 21.50 часот во Тетово, по претходно случена сообраќајна незгода, тој и С.Х.(32) биле физички нападнати од неколку лица.
Во саботата во 18.53 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.П.(38) и Т.С.(59).
Денеска во 05.00 часот во СВР Скопје, Б.Д.(36) од Скопје пријавила дека на 12.08.2023 околу 23.30 часот зад трговски центар на подрачјето на Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две лица, од кои едното употребило и тврд предмет.
Вчера во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б.(68), од една страна и М.Б.(51) и А.Б., од друга страна, сите од истото село.
Истиот ден, во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(51) и С.А.(60), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случаите за сите тепачки и употреба на физичка сила ќе следат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.