Црна хроника
Возач во Скопје со автомобил удрил во велосипедист и избегал
Велосипедист со тешки повреди бил пренесен во болница откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во Центар, на сервисната улица која ја поврзува ул. „11 Март“ кај МНТ, со паркинг просторот кој води кон угостителски објект, кога возило „шевролет каптива“, со скопски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот К.Ј.(59) од Скопје, по што избегал.
Во незгодата, К.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.
Црна хроника
МВР одзеде возило управувано од 16-годишник во Струга
Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

