Црна хроника
Возило излета кај пругата во Велес, повреден е возачот
Вчера, околу 8.20 часот, на улицата Димко Најдов во Велес, се случила сообраќајна незгода, во која возило „даеву матиз“, со велешки регистарски ознаки, управувано од З. Т. (46) од Велес, излетало од коловозот на железничката пруга. Во незгодата З. Т. добил тешка телесна повреда и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна 14-годишно девојче од Скопје, случајот го пријавила мајката
Вчера во 20.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 44-годишната С.А. од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка, 14-годишната С.А. од Скопје, која и претходно се оддалечувала од домот и била враќана.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Исчезна малолетник од Кочани, можно е 16-годишникот да се наоѓа кај пријателка во Берово
Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кочани, 53-годишната В.Т. од Кочани пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син, 16-годишниот М.Т. од Кочани, извести МВР.
Според пријавеното, можно е малолетникот да се наоѓа кај негова пријателка во Берово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Пожар во куќа во Кичево, нема повредени лица
Денеска во 00.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „Јордан Пиперката“ во Кичево настанал пожар на затворен балконски простор на вториот кат од куќата сопственост на 69-годишниот Б.П. од Кичево.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, извести МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.