Контакт

Црна хроника

Возило удри во пешак во Радовиш

Објавено пред

Вчера во 18,10 часот било пријавено дека во Радовиш на ул.“Илија Алексов“ патничко моторно возило „опел корса“ со радовишки регистарски ознаки управувано од А.Е.(62) од Радовиш удрило во пешакот С.Ј.(60) од Радовиш.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана исправа​

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело фалсификување исправа.

Обвинетиот, на 25 август, при поднесување на барањето за продолжување на дозволата за привремен престој во земјата по основ вработување, употребил преправена јавна исправа – турски пасош како вистинска. Во патната исправа била извршена преправка, така што биле заменети оригиналните страници со податоци и фотографија на обвинетиот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицијата до граѓаните: Не наседнувајте на повиците за наводни сообраќајни несреќи

Објавено пред

Речиси секојдневно до полицијата стигнуваат пријави од измамени граѓани, а во врска со наводни сообраќајни несреќи и плаќање големи суми.

76-годишен жител на Охрид е последната жртва. Тој бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари. Според пријавеното, околу 15 часот измамникот му се јавил на неговиот мобилен телефон и му соопштил дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна.

Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и набргу пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари.

СВР Охрид апелира до граѓаните, особено до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возило излетало од патот кај Кавадарци, тешко повредена 17-годишна девојка

Објавено пред

Вчера, на регионалниот пат Мушев Гроб – Кавадарци, возило, управувано од А. Р. (20) од Неготино, излетало од коловозот.

Во незгодата 17-годишна сопатничка од Кавадарци добила тешки телесни повреди, а возачот добил телесни повреди констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Од МВР велат дека извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Кавадарци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија4 часа

Одбраната на Јанакиески: Ако бил близок соработник на Груевски, немало да биде прислушуван

Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено...

Македонија4 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија4 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион5 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет5 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет6 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија7 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион8 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија8 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија9 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија21 час

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија21 час

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион22 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет23 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет24 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ1 ден

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија1 ден

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија1 ден

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ1 ден

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Досие