Црна хроника
Возило удри во 20-годишна девојка во Скопје

Синоќа, во 20.40 часот во Скопје, на булеварот Кочо Рацин, пред крстосницата со улицата Мирче Ацев, возило „шкода фабија“, управувано од Л. Т. (25) од Скопје, удрило во пешакот А. Б. (20) од Скопје. По незгодата, А. Б. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кичевец објавувал навредливи фотографии и текстови на „Фејсбук“

Четириесет и осумгодишен кичевец на својот фејсбук-профил објавувал текстови и фотографии со вознемирувачка, навредлива и заканувачка содржина, со што поттикнувал омраза и насилство.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Црна хроника
Кривична пријава за охриѓанец што организирал семејна прослава со 20 гости

Охриѓанецот Ш. К. (47) среде пандемија организирал семејна прослава со присуство на 20 гости.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш. К. (47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. На 21.11.2020, при извршена контрола во домот на пријавениот, полициски службеници констатирале дека организирал семејна веселба со присуство на 20 гости. Со тоа пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од коронавирусот“, соопшти МВР.
Црна хроника
24-годишник со автоматски пиштол пукал кон човек во Чаир, куршумите завршиле во паркирани возила

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 24-годишник од Скопје кој се товари за две кривични дела – неовластено држење оружје, како и за предизвикување општа опасност.
Како што информираат од обвинителството, обвинетиот на 2 ноември минатата година неовластено држел автоматски пиштол марка ЦЗ ВЗ61 скорпион, како и 10 куршуми за тој пиштол со калибар 7,65 милиметри.
На критичниот ден, на улица Цветан Димов во скопски Чаир, тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, со што со умисла презел општо опасно дејствие и го загрозил животот на оштетениот. Во настанот биле оштетени три паркирани возила.
Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определениот притвор.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира