Топ
Воз удри во автомобил кај Кочани

Сообраќајна несреќа помеѓу патнички воз и автомобил се случи вчера на железничкиот премин кај кочанското село Горни Подлог.
Возот удрил во автомобил управуван од 40-годишно лице од градот. Од полицијата информираат дека нема повредени и причинета е само материјална штета.
Возот за време на несреќата, сообраќал на релација Скопје–Кочани.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани, а железничкиот сообраќај од 18.30 до 20.45 часот бил во прекин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала пандемијата.
„Од почетокот на пандемијата досега одржавме само еден онлајн-конгрес“, вели Заев.
Тој најавува дека на следниот конгрес на партијата, кој инаку ретко се свикува, тоа ќе се случи.
„Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со преспанскиот договор“, рече Заев.
Според него, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.
Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Северна Македонија.
Регион
Претседателот на Србија ѝ ги предаде вакцините на БиХ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, во Сараево, предаде контингент од 5.000 вакцини од компанијата „Астра зенека“, што Србија ѝ ги донира на Босна и Херцеговина.
На сараевскиот аеродром „Бутмир“, претседателот на Србија беше пречекан од претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, и од бошњачкиот член на Претседателството, Шефик Џаферовиќ.
Беше најавено дека Вучиќ ќе биде пречекан на аеродромот од комплетното претседателство на БиХ, но присуството на хрватскиот член Жељко Комшиќ изостана.
Во пресрет на заминувањето Вучиќ за сараевските медиуми изјави дека е многу среќен што може да дојде во Сараево и да ги донесе првите дози вакцини.
Тоа, вели тој, не е помош, туку нешто што им припаѓа еднакво на сите, а Србија, како што додава, ја имаше таа среќа да обезбеди повеќе вакцини.
„Тоа се вкупно 10.000 дози. Утре 5.000 дози, а за неколку дена уште 5.000. Мислам дека тоа е особено важно за здравствените работници што работат во зоната на црвената коска во БиХ. Мојата порака е дека мора да се свртиме едни кон други, да не сметаме дека сите други ни се поважни и дека е важно колку лошо ќе кажеме за оние што се најблиску до нас“, истакна претседателот на Србија.
Тој претходно зборуваше за балканските народи, кои, според него, имаат голема сила и моќ кога се обединети.
Свет
Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да се користи за да се спречи инфекција со коронавирусот и тој не влијае значително на пациентите што веќе се заразени, предупреди денеска стручната комисија на Светската здравствена организација.
Експертската комисија на СЗО во британското медицинско списание БМJ изјави дека овa антиинфламаторно средство не треба да се користи во борбата против пандемијата и дека не вреди да се истражува во понатамошните студии за можните начини на лекување пациенти со Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Експертите на СЗО забележуваат дека ова е нивна силна препорака, која се заснова на многу безбедни докази од шест контролирани испитувања со повеќе од 6.000 луѓе, и за оние за кои се знае дека биле изложени на Ковид-19 и за оние што не се.
Тие додадоа дека оваа дрога повеќе не е приоритет за истражување и дека ресурсите треба да се пренасочат кон евалуација на други лекови, кои ветуваат повеќе.
Трамп рече дека тој самиот користи „хидроксихлорокин“, дури и откога Американската администрација за храна и лекови објави дека неговата ефикасност и безбедност не се докажани.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер